Valco Melton

Технологија за лепење на топлив лепак

Американска компанија специјализирана за производство на системи за лепење со топлив лепак. Машините се одликуваат со оптимална сигурност и потполна контрола на работата. Широката примена на системите за лепење со топлив лепак го услови развојот на дизајнот и функционалностите за задоволување на потребите на корисникот ширум светот.

Управувачката единица управува со работата на целокупниот систем. Во резервоарот на топливиот лепак се наоѓа грејач кој топи лепак со зададена температура при која тогаш од цврста преминува во течна агрегатна состојба. Лепакот во течна состојба со помош на интегрирана пумпа се транспортира низ цревото до пиштолот преку кој се врши апликацијата. Сите црева во пиштолот поседуваат во себе интегрирани грејачи кои лепакот го одржуваат на зададената температура до самото место на апликација.

Аплицирање на топлив лепак

Аплицирање на лепак

Автоматскиот пиштол од најновите генерации се погодни за апликации кои бараат големи брзини, голема прецизност, брзи стопирања на циклусите и долг работен век.

Нудат голема прецизност и контролата на нанесувањето на топливиот лепак за многу примени, обезбедувајќи притоа оптимална конзистентност и квалитет на апликациите. Лесниот пристап на грејачите овозможува брза и лесна замена што директно доведува до скратено време на застои при сервисни интервенции. Изработени од високо квалитетни компоненти и со универзални држачи на автоматските пиштоли овозможуваат брза и лесна инсталација.

Изведби:

  • C серија – Лепење со основниот модел. Единицата од С серијата поседува компактен и робустен дизајн кој е предвиден за работа во тешки индустриски услови. Варијабилната пумпа за притисок гарантира константно снабдување на лепак до местата на апликација. Поседуваат резервоари обложени со тефлон што овозможува намалување на нечистотиите а тоа резултира со брзо и лесно одржување, посигурна и долготрајна работа.
  • EC серија – Еволуција на основниот модел, односно С серијата. EC серијата е иновација во поглед на технологиите за лепење на топлив лепак со задржување на бенефитите од претходните генерации. Новиот контролен панел овозможува брза и лесна конфигурација и прилагодување на секоја работна потреба. Машините се одликуваат со оптимална сигурност, потполна контрола на сите работни параметрии можност за програмирање. Скратено е времето на загревање кое директно доведува до заштеда на електрична енергија. Можноста за надоградба на машината на автоматско полнење обезбедува континуирана работа и на тој начин се елиминира сопирањето на машините поради топливиот лепак кој директно влијае на зголемувањето на продуктивноста.
  • KUBE – Унапредете ја ефикасноста на производството со најновиот систем за нанесување на топлив лепак. KUBE е единствена машина која има 3 типови на конфигурации во просторот за подобрување на перформансите (панел, компакт, сплит). Дизајниран како затворен систем со интегрирано автоматско полнење на топлив лепак, KUBE ја подобрува работата на системот со елиминација на проблемите за деградација и минимално одржување. Во употреба може да се користат дури 6 излези кои имаат независна регулација на температурата со што работата се управува со мултифункционален контролен панел.
  • D серија – Независна заштита од високи температури и висок притисок кој обезбедува безбедна работа на операторите. Независна контрола на сите грејни зони со што се намалува деградацијата на топлив лепак и овозможува прецизни и еднакви апликации.
  • S серија – Нуди на располагање неколку опции на вентили, почнувајќи од наједноставни едностепени вентили до софистицирани пневматски системи. Резултатот од примената на ова техничко решение е прилагодувањето на променливи брзини. Поседуваат резервоари обложени со тефлон што овозможува намалување на нечистотиите а тоа резултира со брзо и лесно одржување, посигурна и долготрајна работа.
  • FlexMelt серија – Опфаќа асортиман на единици дизајнирани за најсложени апликации. Секоја единица од оваа серија поседува мулти функционален контролер за да обезбеди брза и лесна промена на конфигурацијата и прилагодување на секоја работна задача, што се дополнува и со фреквентна регулација на брзината на асинрхон мотор кој ја придвижува пумпата. Изведбата со дури четири пумпи овозможува до осум независни излези.