Континуирано ink jet принтање и кодирање

Квалитетен ink jet испис во едноставен и доверлив пакет

Аx-cерија

Domino е неприкосновен лидер во индустријата на континуирано ink jet (CIJ) обележување и постави индустриски стандард за квалитет на исписот, доверливост и универзалност во текот на повеќе од 30 години постоење.

Со производството на  Ax–cеријата ink jet принтери, продажбата и поддршката во повеќе од 120 земји во светот, Domino е преференцијален добавувач на голем број од производителите на индустриска опрема за паување (OEM) и мултинационалните компании.

Зошто ink jet (CIJ)?

Во текот на последниве 30 години, континуираната ink jet технологија (CIJ) е стандардно решение за повеќе од 90 % апликации.  Изборот за оваа технологија е најчест поради  едноставноста на инсталација и големи можности во поглед на исписот на практично која било површина. Аx-cеријата на Domino принтерите е препознатлива како репер/пример поради својата доверливост и едноставност при употреба.


Како функционира?

Водечка во светот, SureStart главата за принтање на Аx-серијата, содржи генератор на капки со осцилатор.

Тука се креираат ултразвучни бранови кои вршат притисок на мастилото, и го разбиваат на поединечни капки. Кога капките минуваат помеѓу електродите, одредени капки се наелектризираат. Количината на електрицитет на секоја капка одредува колку секоја капка ќе се помести во однос на млазот кога поминува низ високо-напонските електроди. Ова ја одредува позицијата на капките во исписот.

Позиционирањето на капки со многу мали меѓусебни растојанија, многу карактери и ознаката се принтаат на производот при неговото поминување пред главата за принтање. Капките од мастилото кои не се поместени од млазот, се враќаат повторно во циркулација, при што процесот одново се повторува. Оваа ефикасна употреба на мастилото при ink jet принтањето овозможува исписи од милиони карактери со едно литро мастило.

Клучни предности:

Domino CIJ – принтерите можат да одпечатат читлив текст и графика кои се едноставни за препознавање, при што би се овозможила идентификација на производот на површини од стакло, пластика, метал или гума. Исто така, нудат широк спектар на придобивки:

  • Голема брзина на принтање која е во чекор со најбрзите производни процеси,
  • Безконтактна штампа која овозможува кодирање на нерамни и флексибилни површини,
  • Супериорна технологија на главата за принтање овозможува подобар пласман на капките и со самото тоа – подобар квалитет на исписот,
  • Автоматско самостојно испирање на главата за принтање. Ова е гаранција за чист и брз старт, дури и при често стопирање на производните линии.