Ласерско кодирање и обележување
Врвна прецизност
Дизајнот и производната сестраност на Sisma, во комбинација со искуството подолго од 50 години во прецизната механика и индустриската автоматизација, ја прави Sisma индустриска референтна точка во развојот и производството на: Ласерски извори и системи за заварување, маркирање, 3-D гравирање и сечење.
Потполно дизајнирани и развиени во сопствените производства на компанијата Sisma, Sisma ласерите се идеални за компании кои бараат квалитет и сигурност во обработката на материјали, во било кој производствен сектор.
Секогаш во служба на потребите на купувачот, Sisma исто така нуди и специфични решенија по потреба.
Sisma Fiber ласерските системи за обележување можат да принтаат и да гравираат на сите видови на метали и поголемиот дел на пластични материјали. Опремени со флексибилен софтвер специјализиран за креирање и принтање на различни типови на податоци, бар кодови и datamatrix кодови.
Исто така, едноставно е и пренесување на креирани фајлови од типовите: SVG, DXF, JPG, HTML и PLT и можност за нивно имплементирање во маркирањето.
Комплетни решенија
Sisma нуди различни типови и големини на куќишта со класа 1 на заштита, со цел задоволување на различни барања на купувачот.
Специфични подрачја на примена на Fiber ласерот:
- Идентификација,
- IT индустрија,
- Авто индустрија,
- Индустрија за електронски компоненти,
- Накит,
- Медицински компоненти,
- Прецизен инженеринг,
- Електрични системи,
- Авио индустрија,
- Воена индустрија...
Sisma модели:
- OEM – ласерите можат да бидат опремени со интегриран (стандардно за OEM верзиите) или екстерен компјутер. Достапни се две опции: 1. ОЕМ конфигурација, погоден за едноставни апликации на маркирање и други специфични апликации, како што е интеграција во автоматски линии; 2. PLUS конфигурација, која е погодна за апликации каде што се потребни дополнителни алати како што се ротациониот додаток, рачна Z оска, додавач на плочка и повлекувач на трака,
- Easy – иновативниот “се во едно” систем за ласерско обележување се карактеризира со голема корисничка флексибилност опремена со Z моторизирана оска, голема прецизност и брзина. Уредот е со голем стаклен прозор и внатрешно LED осветлување. Достапен во верзии, со заштити - затворен во класа 1 и отворен во класа 4, како и со четири верзии на моќност: 6 W, 20 W, 30 W и 40 W,
- Big Smarky – Флексибилен и економичен ласерски систем за обележување на пластични и метални материјали, па и со поголеми димензии. 415 mm должина на Z оска, висок квалитет на изворот на ласерскиот зрак, со можност за обележување во поле 180 x 180 mm и просторна работна комора, овозможува интеграција со помошни уреди како што се микро шаржери, ротациони маси, за производство без оператори. Управувани со лап-топ или фиксен PC со помош на SLC софтвер,
- Big Smark 800C – Ласер за обележување и сечење со заштита од класа 1, опремен со фокусно сечиво 100 за обележување во поле 70 x 70 mm, воден/воздушен систем за ладење, работен пулт, компјутер со 19” монитор и соодветен софтвер, машина која овозможува автоматска Z оска. Моќноста е 80 W,
- BSS 3D – Sisma ласерските системи се наменети за 2D и 3D длабоко гравирање, поместување на изворот на ласерскиот зрак во просторот со 3 оски во растојание од 350 mm. Центрирањето се врши со ултра компактна камера со висока резолуција, работни циклуси, позиционирање и програмирање, се управува со главниот софтвер,
- Sarty – Ласерски систем со ротациона маса со пречник од 500 mm, две позиции со прецизност од +/- 0,1 mm отстапка, елеганција, флексибилност и сигурност. Sarty, поради својата флексибилност и продуктивност, е идеално решение за големи сериски производства. Управувачкиот софтвер SLC нуди неколку можности за мултикомплексно обележување како и обележување на различни автоматски или варијабилни податоци,
- Sart – Ласер за обележување со ротациона маса со пречник од 700 mm. Предметите кои можат да се обележат се со димензии до 300 x 300 x 150 mm. Уредот е опремен со систем за ладење, работен пулт, компјутер со 19” монитор и софтвер за следење. Уредот е опремен со автоматска Z оска. Моќноста е 50 W,
- LWS-A – Ласерски систем наменет за обележување на габаритни парчиња со висок квалитет. Изворот на ласерскиот зрак може да се поместува по Z оската кај LWS-M серијата и по 3 оски X-Y-X кај LWS-A серијата. Системот може да биде опремен со конфигурација од класа 1 или 4 степен на заштита со можност за отстранување на делови. Системот е единствен во своето високо ниво на флексибилност. Го подржува секој извор на ласерски зрак од SISMA SPA опсегот.