Loupe WMS
Збир од софтверски апликации специјализирани за олеснување и автоматизација на секојдневните операции во магацинот
Збир на апликации кои претставуваат централизиран систем каде што различни магационерски задачи се управуваат низ кориснички интерфејси на handheld уреди, таблети или работни станици во магацинот.
Ова ги прави работите во магацинот ефикасни и лесни, и овозможува да губитоците кои се случуваат при различните магацински процеси се минимализираат. Покрај ова, целта на системот е благовремена и потполна испорака на робата на клиентите. Тоа се постигнува така што Loupe WMS овозможува сознанија за точната локација на секој производ во магацинот, точното време кога се врши повторна нарачка за пополнување на залихите и за која количина и тип на роба станува збор.
За компанијата овие сегменти всушност претставуваат оптимизација на лагерот, додека за клиентите значи дека својата нарачка на робата може да се добие побрзо, без повторени дополнувања на нарачки или грешки при испораката.
Loupe WMS се користи и да се контролира и следи трансферот и складирањето на робата во магацинот. Системот опфаќа бројни процеси кои се важни за текот на испораката на робата, приемот, пописот, репозиционирањето на робата во магацинот, конверзијата на робата од едно паување во друго, комисионирањето, дополна на локација, поврат на робата од купувачот, интеграција со останатите системи на ланци за снабдување итн.
Прием на роба
Loupe WMS овозможува едноставен процес за ракување на испораката која е стигната во магацинот. Овој процес може да се прилагоди на различните потреби на различните компании, а неговата суштина е да осигура дека сите испораки до магацинот се завршени на правилен начин при што би се намалиле губитоците и се зачувало време.
Пратење на лагерот
Loupe WMS овозможува корисникот да го следи “движењето” на секој вид на роба во магацинот, почнувајќи од приемот, преку различни промени во складирањето, комисионирањето и издавањето на роба до крајниот корисник. Со ова се обезбедува менџерот на магацинот да има информација во секој момент на која локација нема доволно роба и да побара да се пополни тој дел благовремено со нарачка, при што ќе се избегне тесно грло при испорака на робата. На овој начин складишниот простор се оптимизира и се осигуруваат ресурсите да бидат организирани со тоа што би имало лесно движење на робата во магацинот и од него.
Оптимално позиционирање
Loupe WMS им овозможува на корисниците да креираат ефикасен начин на чување на различни производи во магацинот на начин кој ги зема во предвид различните фактори, како што се на пример барањето на робата или тежината на робата. Благодарение на оваа функција, магацинот е организиран на тој начин да производите кои се потешки или пофреквентно се издаваат за да бидат лоцирани поблиску до излезните врати на магацинот за побрзо процесирање на нарачките. Ова обезбедува оптимизација на движењето низ магацинот и минимизација на времето за издавање роба.
Документација
Loupe WMS автоматизира голем дел од различни процеси, елиминирајќи ја потребата за голема количина на хартиени документи, при што се штеди време во делот на трошоци на хартија и чување на хартиените документи. Покрај тоа, секој корисник во склад со своите овластувања може да ги види податоците кои се неопходни за својот дел од работата и може да креира моментални електронски извештаи и документација за која се јавува потребата за краток временски рок. Принтање на електронскиот документ секако постои како опција.
Избор на роба и испорака
Loupe WMS осигурува да производот чиј рок на истекување одговара со дефинираните работни правила (LIFO, FIFO или FEFO) и со тоа да биде предложен за испорака во текот на работата на некој налог за издавање на роба. На овој начин се обезбедува точна испорака на клиентите за која е наменета во точно време. Со оваа точност, грешките кои се јавуваат при транспортот на испораките се избегнуваат и се обезбедува ефикасен и оптимален транспортен систем.
Кориснички интерфејс
Loupe WMS ја подобрува вкупната услуга на купувачот, така што налозите се примени и одработени на време, а испораката на купецот се доставува кога и да се јави потребата од тоа. Квалитетот на овие услуги ја обезбедува компанијата да ги задржи постоечките купувачи и да привлече нови.
Извештаи
Loupe WMS овозможува повеќекратен начин на следење, почнувајќи од следење на робата по LOT бројот, работниот налог, датумот на производство, рокот на употреба, сериските броеви, SSCC кодови на пакетите и палетите, купувачите, магацинот, локацијата во магацинот итд. Покрај ова Loupe WMS може да даде одговори и на прашањата како што се: Кој процент на складиштата може интензивно да се користи? Дали треба да се размислува за зголемување на капацитетот на магацинот? Дали треба да се размислува за помало складиште? Колку различни трансакции има направено секој вработен по единица време (ден, час, недела...)? Може ли да се размислува за намалување на бројот на вработени? На кој начин може да се оптимизира патот на движење на вработените низ магацинот за заштеда на време? Сите овие начини на следење на робата можат да се прошируваат и да се менуваат, во склад со потребите на компанијата, купувачите, законските регулативи и останатите потреби.
Делови апликации Loupe WMS система:
Pазмена на податоци со ERP системот
Синхронизацијата со eStorage системот на сите документи кои се креираат во ERP системот. Основна функција му е – сите документи кои се креираат во ERP системот, а кои се на било кој начин однесуваат на движењето на робата низ магацинот и состојбата на робата во магацинот да бидат синхронизирани со Loupe WMS системот. Сетот од документи по обработката од страна на Loupe WMS системот се враќа во статусот Обработен, Поништен, Натоварен и сл. назад во ERP системот на понатамошна финансиско-сметководствена обработка. Овој сервис користи различни начини за размена на податоци помеѓу Loupe WMS и ERP системите, со што се овозможува да сите документи се креираат само на едно место (најчесто ERP компании), а подоцна различните обработки преминуваат од една во друга состојба, се до крајната обработка.
Мобилна апликација
Основна идеа е едноставност при употребата и минимизација на можностите на грешки од страна на операторите во магацинот.
- Кога е во прашање приемот на робата, мобилната апликација сама го воведува операторот на која слободна локација да остави роба (во склад со дефинираните магацински политики), на која приемна локација се наоѓа робата која треба да се складира по некој налог, колку роба е останата за складирање по некој налог и сл.
- Кога е во прашање испораката на робата, мобилната апликација сама го наведува оператотор – која роба треба да се одвои за излез, со која серија и LOT број (во склад со LIFO, FIFO или FEFO методата), со која локација, за која локација да биде спремна робата, колку уште и која роба е останата за испорака по некој налог и сл.
- Кога е во прашање комисионирањето на робата, апликацијата сама ги известува операторите кои комисиони локации се критични за состојбата на залихите, со која роба треба се пополнат и со која серија и LOT треба да се пополнат (евентуално со која локација треба се пополнат комисионите локации).
- Кога е во прашање пописот на робата, апликацијата нуди можност т.н. брз попис (споредување на реалната состојба на робата по локации и сериите со логичка состојба) како и големиот попис (т.н. попис од нула, со бланко пописни листови). Целиот попис во главно се сведува на скенирање и притискање на копчето за обработка.
Десктоп апликација
Десктоп апликација, наменета за шефот на магацинот и останатите раководни структури, претставува некаков вид на контролна апликација во која се гледаат сите оператори во секој временски период, се гледаат сите документи (обработени и необработени) кои се добиени со синхронизација со ERP, се дефинираат магацините, магацинските локации, типовите на локации, се менуваат податоците на артиклите, се врши увид во состојбата на лагер листите, се врши увид во локацијата на сите поединечни (филтрирани) пакети и палети, се врши увид во движењето (влез – релокација – излез – поврат) на одредени палети и пакети во некоја единица време. Покрај тоа, преку овие апликации шефот на магацинот може да филтрира одредени магацински налози на одредени оператори, да врши надзор на состојбата на магацинските локации, да врши корекција на магацинските документи наспрема реалната ситуација на робата во магацинот во однос на ERP состојбата, да врши различни прегледи по различни филтери (SSCC, датум на производство, рок на употреба, серија, локација, попис, карантин, истекување на рокот, оштетување...). Исто така може да се креира во PDF, EXCELL, WORD, OPEN DOCUMENT различни видови на документи поврзани со магацинот, како и да бидат отпринтани.