TeleScribe
Систем за обележување со Scribe метода
Докажано решение за трајно обележување на производи, без присуство на бука при работа, со карактери кои се континуирано формирани/гравирани.
Telesis TeleScribe системите за обележување се професионален избор, кога се бара работа без бука, во текот на означувањето. Telescribe технологијата, која често е наречена “спушти ја иглата и влечи” или означување со гребење, е стандардна технологија за обележување на VIN ознаките во автомобилската индустрија.
Светски лидер за трајно обележување
Telesis развива TeleScribe системи за обележување прилагодувајќи ги за специјалните потреби на корисникот. Обележаните делови со Scribe технологијата обезбедуваат нагласен испис, со тоа што читливоста на кодовите е оптимална.
TeleScribe системите користат висококвалитетни шини и лежишта при поместувањето на иглата, со што се постигнува голем прецизност на поместувањето и позиционирањето на иглата. Прецизното поместување и позиционирање на иглите за обележување, при повторувањето на исписот, обезбедува конзистентен изглед на исписот на сите делови.
TeleScribe модели:
SC5000/470 Heavy - Duty
Telesis SC5000 – е во можност да обележи производи со поголема длабочина на исписот, на поголема површина, за обележување на производи со големи димензии. SC5000 е совршен за обележување на VIN ознаки на шасиите.
SC5500 High - Performance
Telesis SC5500 – користи серво мотори со високи перформанси. SC5500 моделот е иделен кога Вам ви е потребна поголема брзина на обележување. Обезбедува обележување со значително намалување на траењето на циклусот.
SC3500/470 Versatile
Telesis SC3500 – е робустен систем дизајниран за едноставни апликации при означување на делови. Можност за примена во автоматизирани линии како и потполно стационарна апликација.