PinStamp

Dot Peen системи за обележување

Потполно програмибилни PinStamp системи за маркирање со една или повеќе игли базирани на оригинално Telesis патентираниот систем “пливачка игла”

Пневматски водена метална игла која трајно испишува ознака на подлогата која се обележува, било со точкасти или карактери во вид на континуирани линии – дури и логоа, графици или 2D кодови.

PinStamp обележување

Поради тоа што иглата за маркирање “плива”на константен погон со воздушен притисок, површиниските нерамнини дури и до 6 mm – лесно и без проблеми се надминуваат.

Поради тоа што силата на маркирањето е пневматски контролирана, означувањето на производите може да се прилагоди да одговара на скоро секоја апликација. Telesis произведува преку 10 различни типови на прилагодливи Pinstamp модели. Тие се многу исплатливи со  широк спектар на апликации, било како самостојна машина или на производна линија.

PinStamp модели

Интегрирани/Стационарни PinStamp системи

Прилагодливите системи на Telesis PinStamp се многу флексибилни и можат да се користат во широк спектар на апликации од стационарни системи до автоматско on-line маркирање на брзи производни линии.

Рачни PinStamp системи

Системи кои се дизајнирани примарно за апликации каде што е потребно преносно и ефикасно решение за маркирање. Исто така, можат да работат и на линии како стационарно решение поради својата прилагодливост и компактни големини.

Специјални PinStamp системи

Специјалните системи на Telesis PinStamp се исклучително флексибилни и наменски се развиваат за задоволување на широк спектар на потребите на купецот за специјални апликации во насока на трајното обележување на металите.



Можеби сте заинтересирани за следните производи?