BenchMark®
Dot Peen Маркирање
Оставете ги зад себе застарените начини за трајно обележување и користете решенија кои одат напред со Вас
BenchMark® Dot – peen системите за маркирање, произведени во САД од страна на Telesis Technologies, Вам ви овозможуваат лесно да постигнете квалитетно, трајно означување на производи каде што Вам ви е потребно. Без обзир дали имате само привремена потреба за обележување или сакате да обележувате повеќе производи со ист квалитет и еднакво лесно, BenchMark серијата на системи за маркирање е идеално решение.
Отпакувајте го и работете
Сите BenchMark системи се дизајнирани за лесно поместување и можат да се користат од моментот кога ќе ги “отпакувате”. Поради тоа што овие системи се направени со електромеханички погонета игла, можат да се користат каде што на Вас ви се потребни, независно од индустриски воздух кој обично е неопходен кај слична опрема.
Потполно интегриран, меѓутоа компактен, BenchMark контролерот не бара поврзување со PC. Оваа, во пракса докажана, управувачка единица е независна и со тоа овозможува полесен надзор и внес на податоци на лице место како и широка функционалност.
BenchMark®модели:
BenchMark® 200/470 BenchTop
Telesis BM200 – опремен со 100 x 100 mm поле за маркирање, погоден за многу апликации, вклучувајќи и маркирање на плочки за податоци. Рачно подесувачката носечка конструкција обезбедува флексибилност во маркирањето на компоненти со различни величини.
BenchMark® 320/470 BenchTop
Telesis BM320 - единствена “marking arm” рака за маркирање, која ја зголемува можноста за полесен пристап за поставување и остранување на деловите кои се маркираат, како и поголемо поле за маркирање од 150 x 100 mm, пружаат дополнителна флексибилност и леснотија за користење.
BenchMark® 460/470 HandHeld
Telesis BM460 – за делови кои се доволно големи за да се транспортираат до стационарниот обележувач, рачните маркери овозможуваат совршено решение. Најлесен рачен маркер во класата (1,7 kg) кој е високоефикасно решение за маркирање на ергономски дизајн за лесна и продуктивна употреба. Со поле за маркирање 100 x 25 mm ги задоволува повеќето барања за обележување.