Ах-серија

Нова генерација на инк џет печатари – Иднината пристигна – АХ концепт

Зошто Ах-серија?

Брзината, точноста и способноста за работа во тешки и разновидни средини ги поставуваат нашите револуционерни Ах печатари на лидерската позиција во областа на печатари со континуиран инк систем. Како новитет во индустријата, нашата нова генерација на континуирани инк џет системи даваат одлични резултати во поглед на потрошувачката на мастило, прецизност на капките и брзината на апликација врз производите. Нашиот револуционерен i-Pulse систем ви овозможува брзи исписи со висок контраст на пораките, кој што можат да се и од неколку редови испишани со висока брзина.

Ах-серија

Едноставно, системите со континуиран инк џет се со сигурност најдобар избор кога станува збор за кодирање. Систем кој што е издржлив, брз, едноставен за инсталација и ракување, и како најдобра одлика неговата компатибилност: може да се користи врз било која подлога. И како резултат на сите наведени одлики е лидерската позиција во областа на континуирани инк џет системи, како и поставување на стандардите за квалитет, сигурност и компатибилност повеќе од 30 години.

Иведби:

Ах150i

Револуционерно решение кое се прилагодува според вашите потреби

Новата генерација на инк џет технологија Ви нуди значителни погодности, како што е потрошувачката на мастило, прецизност на исписите при традиционално големите брзини. Овој систем го нарековме i-Pulse и е дел од нашата водечка инк технологија. Како причина за тоа што Ах е едноставен и лесен за одржување е и i-Tech модулот кој што лесно може да се промени за 10 минути, со што значително се намалува времето на застој во производствениот процес. Кога сето тоа ќе се земе во предвид, се штеди и време и финансиски средства.  CleanFill технологијата и обележувањето со бои (color-coded) го елиминираат ризикот од истекување, а додека флексибилноста и едноставноста во работата е остварена со QuickStep софтверот.

Ax350i

Поместување на границите од областа на кодирање и обележување

Дизајниран за употреба при најсложените апликации, и водечки претставник на новата генерација на инк џет технологија. Брз испис на повеќе редови при максимално големи брзини, притоа со намален број на одбиени производи поради лош квалитет на исписот и оптичко препознавање на кодот. Едноставна интеграција со Вашиот постоечки систем, новиот i-Pulse систем овозможува непречена функционалност и во најсложените услови за работа, вклучувајќи ја и стерилизацијата. Високиот контраст, трајните записи можат да бидат со црна, плава, жолта, црвена и бела боја ќе бидат јасни и читливи, притоа задоволувајќи ги сите меѓународни прописи.

Ax550i

Прецизност и флексибилност

Овој робусен и флексибилен печатар обезбедува испис на пораката во висока резолуција во неколку редови, и може да се употребува во најсложените работни услови. Неговото куќиште е изработено од не’рѓосувачки челик, и притоа нудејќи заштита на внатрешните компоненти како од прашина така и од воден млаз употребен при перење на истиот уред. Исто така, обезбеден е најдобар квалитет на печатење на поголема количина на податоци при високи брзини. Сите отпечатени кодови се оптимизирани за машинско читање (MRC) и оптичко препознавање (OCR).




Можеби сте заинтересирани за следните производи?