V-cерија i-Tech
Едноставен чекор со перформансите и вредностите
V230i
Дигиталната TTO технологија за основна употреба со намалени трошоци при експлоатација
За разлика од останатите TTO кодери, Domino V230i користи интелегентна технологија за да излезе во пресрет на вашите потреби во врска со обележувањето, а во исто време ја задржува едноставноста при работа и ги намалува вашите трошоци колку што е можно. V230i е конструиран така да може да се монтира во повеќето постоечки TTO носачи користејќи едноставен адаптер и компатибилен е со другите системи за креирање етикети/пораки. Ова значи дека вие можете да ги искористите сите предности на V230i со едноставна промена на вашиот стар, помалку рентабилен и помалку ефикасен принтер со минимален трошок на инсталација и измени.
Со опција за две ширини на главата за принтање и можности за брзини од 6 исписа во секунда во интермитентен режим или при брзина на подлогата од 750 mm/s во континуиран режим, V230i ќе ги задоволи повеќето барања за кодирање и ќе овозможи лесна и едноставна работа низ нашиот кориснички интерфејс QuickStep.
Помали трошоци при работа
Со i-Tech погонот на рибони се елиминираат сите застои поврзани со кинењето на рибонот и обезбедува најмала потрошувачка на рибон. Употребата на рибон – касета дополнително го намалува времето на застој а зголемување на брзината на замена на рибон.
Клучни предности:
- Намалување на вашите вкупни трошоци при експлоатација (TCO) – зголемена ефикасност со употребата на рибон до 770 m должина, до 60% заштеда на рибон во “economy mode” и i-Tech технологијата “dancing arms”,
- Касета со рибон за едноставна замена на рибон,
- Едноставна инсталација/замена – стандардната големина овозможува употреба на постоечките носачи. Не користи екстерен воздух,
- Компатибилно решение со системите за креирање етикети/пораки,
- Не му е неопходен наменски контролер. Можност да контролирате и повеќе принтери преку еден контролер или со помош на PC интерфејс кој е проектиран да излезе во пресрет на вашите потреби поврзани со работата и контролата на уредите, намалување на застоите на производните линии или едноставно намалување на капиталните трошоци,
- Погоден за мали и средни простори за испис бидејќи користи 32 mm или 53 mm широка глава за принтање,
- Водечкиот кориснички интерфејс на пазарот (QuickStep) обезбедува едноставност при работа и ги намалува грешките и застоите,
- Интермитентно(Чекорно) и континуирано обележување со еден принтер,
- Широк спектар на Domino рибони за сите Ваши потреби.
Модели:
- V230i (32 mm) – овозможува максимална ширина на испис од 32 mm,
- V230i (53 mm) – овозможува максимална ширина на испис од 53 mm.
- Domino V230i printer 32 mm install EPT010297 (1) - install
- Domino V230i printer 53 mm install EPT010296 (1) - install
- Domino V-Series 57 inch user interface install EAS003100 - install
- Domino V-Series encoder assy 5-0460011-R04 - install
- Domino V-Series encoder assy install EAS003420-R03 - install
- Domino V-Series printer handing EAS004261 - install