Термал трансфер етикети
Траен испис. Идеални за пакување, складирање, натоварување, примање, апликации за управување со залихи
Материјал кој можете да го изберете:
- Vellum / mat – хартиени етикети со мат изглед. Идеални за означување амбалажи на кутии и палети, идентификација на производи. Типична термо трака која се користи во комбинација со етикетата е од типот Wax Ribbon,
- Vellum / полусјајни – хартиени етикети со среден сјај. Идеални за обележување на квалитетот на производот и промоција. Можат да се користат во сите трговски сегменти. Типична термо трака која се користи во комбинација со етикетата е од типот Wax-Resin Ribbon,
- Синтетички материјали, како на пример Полипропилен (PP) - за нешто посложени апликации. Типична термо трака која се користи во комбинација со етикетата е од типот Resin Ribbon.
Примена:
- Декларации на единечни производи,
- Обележување на транспортни кутии,
- Обележување на палети,
- Етикети за обележување на основни средства,
- Етикети за обележување на електро опрема и компоненти...
За да излеземе во пресрет на своите купувачи, ЕЛМЕД во својата програма нуди и сетови, односно комбинација на етикети и соодветни рибони. Предност на сетовите пред се е економскиот фактор поради фактот дека овозможува заштеда на рибон.