C-серија

DOD Valve Jet принтер

Решенија за кодирање на збирни пакувања, кутии и вреќи

Опсегот на C-серијата за кодирање на збирни пакувања, софтверот и дополнителните опции обезбедуваат одржливо решение кое излегува во пресрет на Вашите барања во производството низ зголемена продуктивност, флексибилност и профитабилност, а во исто време ги задоволува потребите на комплетните ланци за снабдување.

Кодерите од С-серијата ја елиминираат потребата за дополнителни трошоци за етикетирање на збирните пакувања, што резултира со подобрено управување на залихите и намалување на истите.

За едноставно и ефикасно алфанумеричко кодирање, принтерите Domino C7 и C16 се нудат како сигурно и достапно решение. Системот базиран на Drop On Demand (DOD) технологијата на млазниците за мастило, едноставната инсталација, користење и одржување се основни предности на Domino C- серијата.

C-серија

Чисто и хигиенско решение

  • Чист и едноставен индустриски дизајн,
  • Потполно заптивни резервоари за мастила кои го намалуваат ризикот од истекување.

 

Опсег на мастила

Мастилата на водена база се достапни во повеќе бои – црна, црвена, сина и зелена.

 

Перформанси, ефикасност и флексибилност

  • Докажаната технологија на млазниците осигурува максимално искористување при работа,
  • Систем за броење на пакувањата,
  • Програмибилни кодови за време и датум, смена и рокови на употреба,
  • Броење производи во реално време,
  • Можноста за меморирање до 50 стандардни пораки.

 

Лесен за користење и инсталација

Интегрираниот кориснички интерфејс има едноставна тастатура и LCD дисплеј.

  • Компактен дизајн со интегриран носач на глава за принтање и сензори,
  • Нема потреба од индустриски воздух, потребен е само приклучок за електрична енергија и спремен е за работа,
  • Повеќе кориснички нивоа обезбедени со лозинки(оперативна контрола).