Drop On Demand Valve Jet принтери

Доверливо кодирање на големи карактери

C-серија, Macrojet и Case Coder

Домино C-серијата за принтање на големи карактери, Macrojet и Case Coder инк јет принтерите се дизајнирани да понудат широк спектар на можности за кодирање и маркирање (C&M) за специфични потреби на корисникот.

Valve jet технологијата се користи за принтање на различни порозни и непорозни материјали.

Ова вклучува:

  • Кутии,
  • Вреќи,
  • Гума,
  • Метал,
  • PVC итн.

Macrojet, Case Coder и другите valve jet принтери користат солвенти и мастила на водена база во зависност од потребата.


Valve jet принтери – Case Coder и Macrojet

Во Valve jet технологијата (вклучувајќи Macrojet и Case Coder принтери) серијата внатрешни млазови се управува со вентили. Вентилите наизменично се отвараат и затвораат при што се произведуваат текови на повремени капки. Кога производот помине пред главата на принтерот, овие капки креираат карактери или графика во вид на решеткаста формација.

Domino Valve jet принтерите за големи карактери користат различни варијанти на мастила за принтање на текстови и варијабилни податоци на порозни и непорозни материјали. На пример:

  • Macrojet и Case Coder valve jet принтерите можат да принтаат со солвентни и мастила на водена база. Можат да принтаат на порозни и непорозни материјали како гума, метал, PVC, хартија итн.

Клучни предности:

Valve jet технологијата за принтање има низа на предности. Може да се понудат:

  • Ниски трошоци при испис со порменливи податоци како што се датум, време и варијабилен текст,
  • Едноставно користење и одржување,
  • Глава за принтање под притисок, која обезбедува сигурен доток на мастило.

C-серија, Macrojet и Case Coder методите за принтање се дизајнирани да ги задоволат сите ваши потреби. Овозможуваат испис на широк спектар на подлоги користејќи солвентни мастила и мастила на водена база.