Anser

Рачен или класичен ink jet принтер со HP TIJ технологија на принтање

Anser е производител на принтери базирани на термална ink jet технологија, која претставува исклучително ценовно ефикасно решение за индустриско обележување на производите. Принтерот работи брзо и тивко од еден до четири реда текст, време и датум, на сите рамни и нерамни површини и производи. Со Anser U2 можете да принтате на непорозни материјали како пластика и метал. Специјалното брзосушечко мастило спречува размачкување на одпринтаните кодови. Anser принтерите се одликуваат со сигурност и едноставност при работа, без потреба од конвенционално одржување.

Anser

Примена:

  • Индустриски или рачно произведени делови и пакувања од пластика и метал,
  • Додавање рок на траење и сериски број на порозни и сјајни картонски кутии како и на метални производи.

Клучни предности:

  • Благодарение на специфичното мастило, сега е можно принтање дури и на непорозни материјали, како пластика и метал. Мастило е брзосушечко и спречува размачкување на кодот,
  • Принта брзо и тивко на сите рамни и нерамни површини и производи,
  • Се во една кутија “ Транспортен куфер”.