Термален ink jet

Модуларно решение за променлив испис од висока резолуција со мастила од последните генерации

G–серија

Искуството и иновациите се идеално споени во Domino G-серијата со i-Tech систем на принтање. Доколку барате решение за обележување кое е флексибилно, предвидено за лесна интеграција во вашиот производен процес и дизајнирано за испис со висока резолуција при големи брзини со максимална сигурност, G-серијата е тоа што го барате.

Модуларната надоградба на опремата за принтање расте со вашите потреби: до 4 независно оперативни глави за принтање се контролираат со еден контролер и можат да се конфигурираат да работат на повеќе производни линии одеднаш или да принтаат големи пораки заедно, така да Вам ви овозможуваат принтерот да го прилагодите на своите потреби. Интелегентните i-Tech карактеристики и “паметни” кертриџ функции обезбедуваат лесно ракување, подобрено планирање на производството и намалување на вкупните трошоци со тоа што на вас ви заштедуваат и време и пари.

Земајќи во предвид дека контролерите од G-серијата немаат потреба од редовно периодично одржување ефикасноста на Вашето производство ќе биде значително унапредена.


Како работи?

G-серијата е термален ink jet принтер кој користи HP 45A кертриџи како примарна алатка за принтање.

Кертриџот содржи резервоар на мастила со волумен од 42 ml и користи низа од резистентни елементи кои настанале со процесот кој се вика фотолитографија.

Секој резистентен елемент се активира со електрична струја при одреден напон, која со своето делување го загрева мастилото во контакт со елементот и на крај резултира со формирање на капки од мастило кои се прецизно исфрлаат низ дизна на посакуваната површина која се обележува. Резистентниот елемент се гаси кога ќе се исклучи напонот, а резистентната комора се полни одново со мастило и процесот се повторува повторно колку пати што е потребно, така се формира бараниот испис.

Времето помеѓу исфрлањето на капките е 100 милионски дел од секундата што ја прави термалната ink jet технологијата екстремно брза и лесна за употреба при сите намени.

Клучни предности:

Специјализирани за испис со висока резолуција, Domino termal ink jet printerite од G-серијата нудат многу предности:

  • Висока брзина/резолуција на испис нуди можности потполно да се исполнат потребите на најбрзите производни опкружувања,
  • Чиста технологија, минимални количини на мастила по испис, понуда на широк спектар на специјални мастила за употреба во прехрамбената индустрија,
  • Супериорната технологија на главата за принтање овозможува точно позиционирање на капките и висококвалитетен испис благодарение на користење на нашите мастила базирани на вода и етанол,
  • Принтер кој е едноставен и лесен за користење со минимална обука на корисникот за подесување, употреба и одржување,
  • Најмали застои и задржување на производството: лесна замена на кертриџ, без потреба од сервис и редовно одржување,
  • Сигурни и флексибилни модуларни решенија кои можат да ги исполнат вашите идни потреби.