М–серија

Сигурен начин за обезбедување на логистичка следливост

Интегрирани системи за обележување на палети

Print and apply системот на Domino М-серија е едеално решение за обезбедување на логистичка следливост на палетите во вашиот магацин и низ комплетниот дистрибутивен ланец

Domino Print and Apply системот е интегриран со наменски развиен ePallet софтвер, кој го прави врвно сигурен и флексибилен систем за обележување на палети со логистички етикети.

Усогласеноста со најновите стандарди кога е во прашање логистичкото обележување, како и дополнителните безбедносни функции како што се автоматската бар код верификација на сите аплицирани етикети, обезбедува 100 % сигурен систем на пренос на роба помеѓу производството и магацинот.

Oбележување на палети

GS1 усогласеност

Системите за обележување на палети (Print & Apply системи и ePallet софтвер) се развиени со цел потполно да се исполнат сите GS1 стандарди, со посебен фокус на GS1 идентификационите клучеви, бар код симбологијата и упатствата за креирање и позиционирање на логистички етикети.

Клучни предности:

  • Потполно автоматизиран систем со највисоко ниво на сигурност,
  • Високо ниво на интеграциски можности на системот со различни информативни системи на купецот,
  • Висок квалитет на исписот во склад со GS1 стандардите,
  • Мнозинство на дополнителни опции за унапредување на сигурноста и едноставноста при работа,
  • Едноставноста и робусноста на М-серијата осигуруваат ефикасност на линијата,
  • Брза замена на потрошен материјал – минимизирано одржување.

Опис на налепниците за палети

GS1 логистичката етикета се состои од 3 секции. Горната секција на етикетата содржи информации од слободен карактер, а производителот на етикети може да ја користи за каква било намена; средната секција содржи читлива интерпретација на GS1 податок прикажан со бар кодови кој завземаат простор во облик на најниска секција на логистичките етикети. Во долната секција се наоѓаат GS1 – 128 бар кодови кои ги содржат сите податоци од средниот дел.

Доколку постои потреба за поголема количина на податоци, се препорачува примена на А5 формат (148 mm x 210 mm) палетни етикети.

Положба на налепниците на палетата

На палетата се постсавуваат по две идентични етикети, по една на долгата и една на кратката страна на палетата.

На палетите етикетите би се поставувале така да бар кодовите бидат на висина помеѓу 400 mm и 800 mm од основата на палетите, и не поблиску од 50 mm од вертикалните рабови на палетата.



Можеби сте заинтересирани за следните производи?