Print & Apply етикетирање
Флексибилно во задоволување на сите Ваши потреби при принтањето на етикети
М–серија
Print&Apply системите од M-серијата за принтање и автоматско аплицирање на етикети го осигуруваат исполнувањето на сите индустриски потреби во поглед на следливоста, обележувањето и идентификацијата на производите, транспортните пакувања и палетите.
М- серијата е модуларна. Во својата стандардна конфигурација ги исполнува сите најчести потреби, а може да се приспособи и за многу специфични апликации.
Вашата М-серија се состои од најефикасен принтер, глава за принтање и потрошен материјал за Вашата производна линија.
Конфигурацијата на секоја М-серија овозможува:
- Принтање на фиксни и варијабилни податоци во реално време, бар кодови, текстови и слики,
- Прецизно позиционирање на исписот и апликација на етикети, дури и при големи брзини,
- Опционално интегриран скенер за верификација на бар кодови со цел обезбедување на квалитет на исписот и позиционирање на етикетите,
- Интелегентно и едноставно управување на податоците со централизирана контрола и едноставно конекција со база на податоци,
- Долгиот животен век на главата за принтање гарантира висок квалитет на исписот, без грешки во долг временски период,
- Брза замена на потрошниот материјал е овозможена со квалитетен дизајн и едноставен за употреба – графични дисплеј,
- Domino гаранција за квалитет на производот и услугите во заедништво со специјализиран сервисен тим Ви се на услуга Вам.
Сите конфигурации на М-серијата се во склад со тековните потреби и регулативи и предвидените идни промени:
Одпринтаните кодови се во склад со GS1 стандардите и дополнително обезбедуваат идентификација на логистичките единици – палети или пакети. Исто така се во склад и со ANSI стандардите и SSCC (единствен сериски број на палета) кодирањето.
Флексибилните, робустни, доверливи и компактни системи од М-серијата за принтање и аплицирање на етикети, обезбедуваат идентификација и следливост на вашите производи и ги исполнуваат потребите на логистичките ланци во производните услови.
Клучни предности:
- Висок квалитет на исписот и прецизност при апликација на етикети со опција за автоматска верификација,
- Високата ефикасност и модуларност на овие системи за принтање/етикетирање овозможува секој корисник да ги искористи сите предности на конфигурациите со високи перформанси,
- Брзата и лесна интеграција овозможена е со компактноста на опремата, како и едноставна употреба благодарение на дизајнот кој е корисничниот ориентиран,
- Во склад со потребите и стандардите за следливост од производството низ комплетен логистички ланец.