K600i
Поставува нови стандарди за испис со променливи податоци
Piezo Drop On Demand
Прилагодливо, продуктивно, ефикасно решение за висококвалитетно принтање на променливи податоци
Комбинираното принтање при големи брзини со резолуција на испис од 600 dpi, К600i е современо решение за ink jet принтање кое може да се интегрира во постоечки системи за дигитално обележување или да се користи како монохроматска дигитална машина за штампање.
Со брзина на принтање и до 150 m/min, прилагодливост да се конфигурира за посакувата ширина на испис, K600i нуди флексибилност и продуктивност со висококвалитетен испис по конкурентни цени, овозможувајќи Ви да ја зголемите вашата продажба и профитабилност.
Дизајнирана за табакно или континуирано принтање, K600i може да принта на етикети, таблици, карти, формулари, безбедносни производи, како и директно адресирање вклучувајќи обележување на коверти, фасцикли, картонски кутии и летоци. Неговата способност за принтање на променливи податоци му овозможува да одпринта текст, нумерација, бар кодови, 2D и QR кодови, слики, графика и персонални податоци.
Користејќи Piezo Drop On Demand технологија на принтање, К600i може да принта на широк спектар на подлоги, како и пластика. Квалитетот на исписот и потрошувачката на мастила може да се контролира, при што Ви се овозможува да ги намалите трошоците на производството и го зголемите профитот во секој поглед. Единствената i-Tech интелегентна технологија имплементирана во K600i Вам ви овозможува да ја зголемите продуктивноста, да го намалите бројот на интервенции на системите за обележување, исто така да ги намалите застоите и трошоците.
Клучни предности:
- Ненадмината продуктивност – Работи на брзини до 150 m/min,
- Висок квалитет на испис – Резолуција од 600 dpi,
- Прилагодливост – Компактен, модуларен, со можност за конфигурирање на ширината на исписот од 108 mm до 558 mm,
- Доверливост – Едноставно, безконтактно обележување со неколку подвижни делови, овозможува намалување на потребите за интервенции и време на застои на минимум,
- Ниско трошоци при работа – Одредување на една од 4 големини на капки (6, 7, 11, 14 pl) оптимизација на квалитетот на исписот на различни подлоги, ја контролира потрошувачката на мастило и заштедува пари,
- Намалено време за подесување – StitchLink единствена технологија на микромоторно управување со која се овозможува прецизно порамнување на главите за принтање, без растојание помеѓу повеќе глави за принтање.