C–серија Plus
Едноставен и продуктивен
Модуларен ink jet принтер со висока резолуција. C-серијата пиезо принтерот за висока резолуција овозможува решение за обележување, идентификација, следење и графичка персонализација на порозни подлоги како што се картонските кутии и хартиени кеси.
Главата за принтање со висина од 17,5 mm до 70 mm Ви обезбедува испис со висока резолуција, бар кодови и алфанумерички кодови при високи брзини.
Опцијата оддалечени глави за принтање ја зголемува флексибилноста при кодирањето поедноставувајќи ја интеграцијата во производната линија. Широкиот избор на напредни системи на мастило и големината на боцата, осигурува не само минимални промени на потрошниот материјал, туку и замена на боцата без стопирање на производството. Со потрошувачката од 33 W и без употребата на фабрички воздух, C–серијата претставува многу ефтино решение. За фабричката интеграција и автоматизација, C–серијата може да се инсталира на мрежите со централизирано управување.
Главата за принтање на C–серијата користи “Drop On Demand” пиезо технологија. Оваа технологија во комбинација со Domino мастилата гарантира испис со висока дефиниција и одличен контраст. При брзини од 54 m/min со резолуција од 200 dpi се постигнува испис – лого или графика на картоните со исклучително високи контрасти и одличен квалитет на бар кодот. Domino располага со различни мастила за C–серијата, вклучувајќи мастила за висок контраст, минерални масла како и различни бои.
Варијанти:
- C1000+ максимална висина на испис 17.5 mm,
- C3000+ максимална висина на испис 35 mm,
- C6000+ максимална висина на испис 70 mm.
Клучни предности:
- Персонализација и квалитет на испис на универзална амбалажа без предштампа овозможува намалување на залихите,
- Идентификација, следливост и бар код испис во склад со потребите на GS1 стандардите,
- Робустен, компактен дизајн и конструкција од не’рѓосувачки челик за оптимален животен век,
- Интерфејсот за креирање пораки е интуитивен и флексибилен и значајно помага при отстранување на грешките од операторот.