Piezo Drop on Demand принтање
Врвна сестраност
C–серија Plus и К-серија
Domino C–серијата Plus и К–серијата принтери користат Piezo DOD технологија со испис на широк спектар на површини, употребувајќи водени и/или UV мастила. Главата за принтање на овие принтери содржи низа од комори кои се исполнети со мастило. Доведувањето на напон, на ѕидовите на овие комори, предизвикува дисторзија и превиткување на овие ѕидови кон надвор. Оваа дисторзија предизвикува пад на притисокот на мастилото, повлекувајќи повеќе мастило во комората. При прекин на напон, ѕидовите се враќаат на почетната позиција а капките од мастила се исфрлуваат низ избрана дизна за принтање.
Овие капки креираат текст со висока резолуција, бар кодови, графика и варијабилни податоци на широк спектар на обложени и необложени површини, пластични картици и етикети.
Како работи?
Drop On Demand (DOD) е вид на инк џет технологија на принтање каде капките од мастило се исфрлаат низ главата на принтерот само тогаш кога е потребно. Капките се формираат со создавање на импулси на притисок во главата на принтерот. Методот кој се користи за генерирање на пулсови од притисок создава примарна подкатегорија во внатрешноста на DOD принтерот, се вика топлотна и пиезоелектрична.
Кај piezo DOD технологијата, пиезоелектричниот кристал минува низ дисторзија кога ќе се вклучи електрично поле. Оваа дисторзија создава пулс на притисок во комората на мастилото во главата за принтање, што за возврат, резултира со исфрлување на капките на мастило низ дизните на подлогата.
Клучни предности:
- Продуктивност – Работи на брзина до 150 m/min при резолуција од 300 dpi,
- Супериорен квалитет на испис кој се постигнува со 500 дизни и принтање до резолуција од 1200 dpi,
- Доверливост – Малиот број на делови кои се движат ги намалува интервенциите и го редуцира бројот на застои,
- Флексибилност – Овозможува моментална персонализација на амбалажата на производите,
- Безконтактното принтање осигурува заштита на пакувањето.