Ласерско кодирање и обележување
Максимални перформанси, проширени можности
Domino F220i Fiber ласери
Компактната fiber верзија на Domino i-Tech нуди максимална ефикасност и перформанси, кога е во прашање прецизното обележување на вашите производи
Перформанси и вредности
Напредните ласерски системи F220i на Domino, ги опфаќаат повеќето докажани i-Tech Ласерски компоненти, и најновите fiber технологии, обезбедуваат врвни перформанси. Неговата компактност овозможува лесна инсталација.
Со помош на Domino F220i fiber ласерот, можете трајно да обележите широк спектар на материјали како што се метал, пластика и флексибилни пакувања, со највисок квалитет и прецизност.
Во споредба со традиционалните Solid State ласери, F220i не бара планско одржување, давајќи трајни перформанси. Со очекуван работен век од 100.000 работни часови, fiber ласерите имаат многу долг работен век.
Разновиден спектар на апликации
F220i ласерскиот систем создава бесконечни низи од текстои во било која ориентација, различни фонтови и големини. Воедно е погоден и за графика и за 2D datamatrix кодови. Сите кодови трајно се врежуваат со голема прецизност, на пример на метални и пластични материјали. F220i е еднакво погоден и за апликации, како статично/интермитентно обележување така и “marking on the fly” – обележување при движење, од ниско до високо продуктивни производни линии.
Идеални апликации за F220i Fiber ласерот:
- Високо контрасно обележување на различни материјали од пластика – со промена на боја, гравирање,
- Флексибилни пакувања – со промена на боја, отстранување на површинскиот слој,
- Идеален за обележување на метали – со промена на бојата, гравирање, калење.