Ласерско кодирање и обележување
Врвна прецизност
Fiber ласери
Поради високиот квалитет на ласерскиот зрак, fiber ласерите се прв избор кога се во прашање апликации кои бараат високо ниво на прецизност
Fiber ласерите се воведени во индустриското производство и употреба пред неколку години.
Пулсирачките Fiber ласерски системи за обележување можат да обележуваат материјали како што се метали и повеќето материјали од пластика. Дизајнирани се така да можат да се користат како посебни единици за обележување и како ласерски системи комплетно интегрирани во производните линии.
Нивниот монолитен дизајн овозможува висок квалитет на зракот и прецизност при обележување. Високата моќност која се остварува во пулсови од наносекунда овозможува многу ефикасно обележување и гравирање.
Компактност и сигурност
Fiber ласерите се одликуваат со исклучителна компактност во однос на другите типови на ласерски системи (YAG, CO2) со слични моќности. Fiber ласерите осигуруваат голема доверливост, продолжен животен век и работа со минимално одржување.
Типични области во кои се применуваат fiber ласерите:
- Идентификација,
- IT,
- Авто индустрија,
- Електронска индустрија,
- Производство на накит,
- Производство на медицинска опрема,
- Прецизна механика,
- Електронски системи и електроника,
- Авио индустрија,
- Наменска индустрија.
Главни предности на Fiber ласерите:
- Светлото се наоѓа во флексибилно влакно,
- Висока излезна моќност,
- Висок оптички квалитет.