Ласерско кодирање и обележување
Оптимална комбинација на прецизни исписи и големи бенефити
D-серијата i-Tech
Domino е пионер кога е во прашање користењето на затворен CO2 ласерски систем за обележување и еден од најголемите производители на оваа технологија во светот. Низ истражувања и иновации на полето на ласерското обележување, Domino произведе кодери кои ги поставуваат индустриските стандарди. Најновите производи од D- серијата i-Tech со врвни перформанси се погодни за обележување на бар кодови, текстови, графика, серијализација и променливи податоци како и 2D кодови на најразлични подлоги вклучувајќи картон, стакло, хартија.
D-серијата нуди и посебни бранови должини за кодирање на посебни материјали од пластика како што се PET или PP.
Нашата интелегентна технологија ја користиме за револуционерен модуларен дизајн на D-серијата i-Tech вклучувајќи ја и патентираната RapidScan технологија.
Зошто ласер за кодирање и обележување?
Поради супериорната сигурност и многу ниските трошоци за одржување, ласерските системи позитивно влијаат на ефикасноста на комплетната опрема. Исписот од карактери со висок квалитет се постигнува како на статични производи, така и на производи во движење.
Со тоа што нема мастило и течности, ласерските системи се еколошки прифатливи и во голем дел ги намалуваат трошоците поврзани со потребата од одржување.
Како работи?
Обележувањето се постигнува со нагризување или менување на хемиските својства на површинскиот слој на материјалот оставајќи траен испис.
Domino ги разви ласерите за обележување кои можат да испишат текст, графика и варијабилни податоци на најразлични подлоги како пластика, стакло, хартија и картон.
Domino ласерските кодери, како што е новата D-серија i-Tech користи континуиран ласерски сноп воден од огледала кои се контролираат со галванометар. Технологијата со галванометар овозможува обележување на статички производи како и производи кои се движат со мали или големи брзини.
Клучни предности:
- Супериорен квалитет на исписот,
- Висока сигурност која се постигнува со делови кои се движат и докажаната CO2 ласерска технологија,
- Константен квалитет на стационарни линии и линии во движење,
- Испис во било кој правец,
- Неограничени графички можности,
- Минимални потреби за оджување ги прават ласерските системи еколошки прифатливи.