Ласерско кодирање и обележување

Супериорен квалитет на испис

CO2, Fiber и YAG ласери

Ласерското обележување е безконтактна метода на маркирање која нуди предности во однос на другите технологии, вклучително квалитетот на исписот, трајноста и малата потрошувачка на материјали

Domino и Sisma ласерските системи вклучувајќи CO2, Fiber и YAG ласери со различни излезни моќности за маркирање на најразлични материјали и апликации. Во можност сме да понудиме широк спектар на додатна опрема за ласерски системи вклучувајќи носачи, куќишта и единици за насочување на ласерскиот зрак со кои се поедноставува интеграцијата во вашите производни системи и се подобруваат перформансите на ласерот.

Со широкиот спектар на технологија, сме во можност да понудиме решенија за вашите специфични потреби на обележување. Големиот број на варијанти и опции, гарантираат дека секогаш ќе добиете систем, дизајниран само за вашиот проект.

CO2 Ласери

Поради својата сигурност, едноставност за употреба и издржливост на изворот на ласерскиот зрак, COласерите се високо позиционирани кога во прашање индустриското кодирање. Со ласерската технологија се обезбедува значајно поефикасно, посигурно и поедноставно кодирање на производите во однос на традиционалните технологии.

Fiber Ласери

Fiber ласерските системи се дизајнирани за директно и унифицирано обележување на метали, пластика и други материјали во авио, авто, електронската индустрија и индустријата за производство на медицинска опрема.

Поради високиот квалитет на ласерскиот зрак, fiber ласерите се прв избор за апликации каде што има потреба од високо ниво на прецизност.

YAG ласери

Диодните YAG ласерски системи се дизајнирани за да ги задоволат најстрогите барања за трајно обележување на метал и пластика, кога е во прашање квалитетот, сигурноста, флексибилноста и едноставност за употреба.