V-cерија i-Tech

Најбрз TTO принтер, прилагодлив и економичен

V320i

За специјални апликации кои бараат најдобри можности и најниски можни трошоци при експлоатација

V320i работи при најголеми брзини, дозволувајќи ни да ги стигнеме и престигнеме и најбрзите хоризонтални и вертикални пакерки, етикетирки или системи за доработка на етикетата.

V320i

Ова се постигнува со употребата на најдолгите рибони во класата, кои заедно со “ribbon save” режимот на i-Tech погонот за рибони, овозможува најниски можни трошоци при експлоатација во класата, благодарение на минималната потрошувачка на рибон и намалувањето на интервалот на замена на истиот.

V32i нуди две ширини на главата за принтање овозможувајќи принтање на најголеми кодови и работа во тешки индустриски услови. Капакот ја штити главата за принтање од прашина и од кондензација додека интегрираниот грејач овозможува константен квалитет на исписот и го продолжува векот на траење на главата за принтање и при ниски температури.

Контролата и управувањето на принтерот е едноставно и се остварува со помош на TouchPanel-и (со IP65 заштита) кои користат Domino QuickStep  интерфејс кој е водечки во класата. Исто така, принтерот може да се управува и преку постоечки PC интерфејс што дополнително го зголемува просторот и ја намалува комплексноста на вашата производна линија.


Клучни предности:

  • Најниски тотални трошоци при експлоатација (TCO) – максимално зголемена ефикасност со употребата на рибон од 1400 m должина, до 60 % заштеда на рибон во “economy mode” и i-Tech технологија “dancing arms” за спречување на кинење на рибонот,
  • Касета со рибон за едноставна замена на рибонот,
  • Најголеми брзини на принтање во TTO индустријата – при константно висок квалитет на принтање,
  • Погоден за средно и високо поле за принтање со употребата на 53 mm и 128 mm ширина на главата за принтање,
  • Предвиден за тешко индустриско опкружување,
  • Компатибилиен со другите системи за креирање етикети/пораки,
  • Водечкиот кориснички интерфејс на пазарот (QuickStep) обезбедува едноставност при работа и ги намалува грешките и застоите,
  • Интермитентно(чекорно) и континуирано обележување во еден принтер,
  • Не му е неопходен наменски контролер. Можност да контролирате и повеќе принтери преку еден контролер или со помош на PC интерфејс кој е проектиран да излезе во пресрет на вашите потреби поврзани со работата и контролата на уредите, намалување на застоите на производните линии или едноставно намалување на капиталните трошоци,
  • Широк спектар на Domino рибони за сите Ваши потреби.

Модели:

  • V320i (53 mm) – овозможува максимална ширина на испис од 32 mm,
  • V320i (128 mm) – овозможува максимална ширина на испис од 53 mm.



Можеби сте заинтересирани за следните производи?