Термал трансфер маркирање

Перформанси и вредност на дофат на рака

V-серија

Domino Thermal Transfer принтерите (TTO) V-серија можат да принтаат променливи податоци, баркодови, логоа и квалитет на испис од 300 dpi на флексибилна фолија за пакување и етикети со широк спектар на производни апликациии за пакување кои се користат во прехрамбениот, фармацевтскиот и индустрискиот сектор.

Термал трансфер е веќе добро позната технологија за кодирање на флексибилна фолија, меѓутоа низ супериорните можности и технолошките предности ја прават уште повеќе прифатлива, сега исто така добива и нова препознатливост во замена на старите технологии на принтање како што се hot stamp маркирање и roller кодери.

V-серијата се состои од 3 модели (V120i, V230i и V320i) кои се направени така да во потполност ги задоволи вашите специфични потреби за обележување во споредба со другите, алтернативни thermal transfer методи, да ги намали вкупните трошоци на обележувањето низ редуцирање на времето на застој, намалена потрошувачка на рибон, едноставност при ракувањето и подобрување на можностите на кодирањето.

Оваа додадена вредност ја добивате преку i-Tech, интелегентната технологија на Domino која се развива преку 20 години низ нашите TTO искуства и резултира со единствени иновации како што се нашиот i-Tech систем на движење на рибоните и нашиот QuickStep кориснички интерфејс.

Овие предности, во комбинација со прилагодливоста и едноставната инсталација и користење, осигуруваат V-серијата да биде совршен избор без оглед на тоа дали сте краен корисник или OEM производител на машини за пакување.

OEM (Производители на опрема)

Domino има партнери и соработници во многу компании чија дејност е производство на машини за пакување, и во соработка со нив на своите крајни купци може да им понуди потполно интегрирана машина за пакување со TTO принтер без никакви компликации а со големи предности. Специфични предности за производителите на опрема и машини за пакување се:

  • Прилагодливост и интеграција во типични носачи и електронски приклучоци,
  • Напредната технологија користена во принтерите ја поедноставуваат инсталацијата и времето на подесување на уредите (kомпактност на уредите, не користи компримиран воздух, поседува автоматско порамнување на главата за принтање, лесна интеграција на принтерот со пакерката),
  • Едноставно – принтерот се подесува, потоа само се остава да работи – можност за управување преку глобална мрежа,
  • Обука и тренинг на која можеш да се потпрете – посветена екипа спремна да ги обучи вашите работници,
  • Перманентна комерцијална и техничка поддршка,
  • Можност за презентација и тестирање на принтерот,
  • Пристуство на саеми, презентации и маркетинг поддршка.

Како работи?

Исписот се добива со поставување на рибон помеѓу загреаната глава за принтање и подлогата која се обележува. Во контакт помеѓу овие три компоненти главата се поместува преку рибонот и подлогата. Топлината која ја емитува главата низ рибонот, предизвикува топење на мастилата на долната страна на рибонот. Мастилото кое е аплицирано на подлогата брзо се лади и како резултат се добива траен испис на подлогата.

Главата за принтање се состои од 300 независно контролирани, минијатурни грејачи на 1 инч ширина на главата. Исписот може да се формира со брзо палење(топло) и гасење(ладно) на елементите додека главата на принтерот се поместува преку рибонот. Принтерот софтверски овозможува дизајнот на исписот да се претвори во сигнали кои ја контролираат главата за принтање. Термал трансфер принтерите можат да работат во два режима во зависност од тоа како главата за принтање се поместува во однос на рибонот и подлогата. Тоа се интермитентен(чекорен) и континуиран режим.

Сите Domino принтери од V-серијата нудат опции за испис во двата режима.

Во континуираниот режим подлогата на која се печати константно се движи додека главата за принтање е фиксна и печати на движечката подлога.

Во интермитентниот режим подлогата на која се печати се придвижува во тактови. Главата за принтање се поместува преку подлогата во моментот кога подлогата е во мирување.

Клучни предности:

Domino Thermal Transfer принтерите имаат можност за испис со променлив текст (во било кој true type фонт), графика, бар кодови, како и 2D кодови на фолија, филм и етикети и со тоа овозможува да спакуваниот производ биде полесно идентификуван и да изгледа подобро. Освен тоа, нуди уште многу дополнителни предности:

  • Најмал трошок на поседување – со i-Tech функциите за заштеда на рибон и минимлно време на застој,
  • Едноставна употреба, со минимални можни грешки – контрола со QuickStep, корисничкиот интерфејс на Domino,
  • Едноставна интеграција – уред предвиден за брза и ефикасна инсталација или замена на постоечки TTO принтер,
  • Повеќенаменска употреба – голема прилагодливост на принтерот овозможува задоволување на различни апликации.