LOMA

Метал детектори

Патентираниот LOMA IQ4 метал детектор е првиот метал детектор кој што овозможува работење при варијабилни фреквенции и IP64K заштита при работа во индустриски услови. Опсегот на работни фреквенции е од 40 до 900 кHz со можност во многу краток временски период да се промени работната фреквенција, елиминирајќи ги недостатоците и ограничувањата од минатото кога метал детекторите имаа една или само неколку работни фреквенции. Употребата на различни производи има потреба од користење на различна фреквенција, и благодарение на можноста за варијабилна фреквенција нема протреба од дополнително подесување. Точната работна фреквенција е клучна во детекцијата на не‘рѓосувачки челик кој што се користи во индустријата за храна, пијалоци и фармација.

Доследни перформанси

LOMA метал детекторите имаат единствен дизајн на куќиштето и јадрото со намотки, и поради тоа се имуни на ефектите од вибрација, електростатски зрачења и температурни разлики, кој предходно допридонесувале за проблеми во перформансите на детекцијата на метал.

Врвна сигурност

Со употребата на најсовремени технологии при спојувањето на челик, пластика и смола во единствена целина се спречува продор на вода и прашина со што се обезбедува стабилна работна средина за електрониката и јадрото со намотки.

Јасни и едноставни контроли за управување

IQ4 доаѓа со екран во боја осетлив на допир, и со интуитивно мени и икони на повеќе јазици каде што во секоја од нив постои опцијата Help. Надградениот VFD IQ4  контролен панел со мембранска тастатура е поголем, со појак контраст на боите и лесен за употреба. И двата се дизајнирани како би му се овозможило  на операторот лесен пристап до широкиот спектар на опции, со што се унапредува детекцијата на метал во модерните производствени средини.

LOMA системите за детекција на метал содржат и:

Автоматско селектирање на работната фреквенција

Моментално прилагодување кон секој нов производ и пакување.

Автоматско учење на производот

Едноставно калибрирање и учење на карактеристиките на секој производ посебно, до 100 различни производи.

Подобрен систем за валидација (PVS) во согласност со HACCP

PVS системот автоматски по подсетува на операторот да ги тестира перформансите во веќе подесените интервали, според барањата на HACCP. PVS системот не се потпира на претпоставката дека операторот ќе ги верифицира резултатите од тестирањето, и при тестирањето се користат посебни тест примероци. Благодарение на оваа функција резултатите не можат да бидат фалцификувани и истите се автоматски зачувани. LomaEnet нуди можност за мрежно поврзување на секој метал детектор со персонален компјутер и со тоа резултатите од тестирањето да бидат достапни и со тоа задоволуваќи ги нормативите воспоставени со HACCP.

Записи за детектирани контаминации

Доколку е извршена детекција на метал, метал детекторот автоматски врши електронски запис. Овај запис (log) е клучен во индентификацијата на потенцијални контаминации што се повторуваат, и со тоа да се изврши лоцирање и отстранување на изворот на контаминација. Кај моделот IQ4 извештаите и записите можат да се превземат со USB.

Можност за поврзување со систем за управување

IQ4 може да се конектира со постоечкиот систем за управување со употреба на Ethernet приклучок.