Херма
Автоматско аплицирање на самолепливи етикети
Автоматските глави за етикетирање се решенија кои унифицирано и со максимална сигурност ги обележуваат производите со самолепливи етикети, во согласност со највисоките светски стандарди.
Се работи за најсовремени уреди за етикетирање, кои се приспособени за работа на производствени линии со големи брзини.
Според интернет страницата All4pack, најчесто користени видови на амбалажа се во вид на вреќи и кеси (875,59 милијарди единици), шишиња (810,32) и лименки (412,95). Според нашето искуство голем дел од тие видови на амбалажа имаат потреба од некакво обележување: етикетирање, промотивно етикетирање, дополнителна декларација според претходно пропишани правила, дополнителни баркод налепници и сл.
ЕЛМЕД ДОО заедно со нашиот долгогодишен партнер во областа на етикетирањето ХЕРМА, со заедничкиот настап ќе Ви понудме ненадминлива палета на решенија на уреди од областа на етикетирањето, еднострано или двострано автоматско етикетирање, етикетирање на цилиндрични производи, транспортни пакувања итн. Исто така можеме да ви понудиме интеграција на DOMINO CIJ или TTO печатари со системите за етикетирање.
ХЕРМА главите за етикетирање претставуваат брзо, сигурно, прецизно и долготрајно решение при потребата од автоматско аплицирање на самолепливи етикети.
Максималната сигурност и врвниот квалитет се резултат на долгогодишното работење, искуство и традиција, како и константниот напредок и усовршување во развојот и изработката на решенијата за етикетирање.
Модуларниот дизајн овозможува избор на најоптималната комбинација на единиците за влечење, одмотување и аплицирање во зависност од потребите за работа.
Модуларност и сигурност
ХЕРМА главите за етикетирање се одликуваат со висока прилагодливост во зависност од специфицните услови и потреби кои се појавуваат во денешните современи производствени процеси.
Проектирани се за работа со различни димензии на самолепливи етикети, како и на различни брзини во зависност од потребите на крајниот корисник. Модуларниот дизајн овозможува брза и едноставна интеграција со било која производствена линија.
Прецизност и брзина
ХЕРМА главите за етикетирање се одликуваат со константна прецизност, без оглед на брзината при која се врши аплицирањето, како и минималното време на застој при промена на ролните со етикети, процес кој што е едноставен, брз и практичен.
Новата генерација на ХЕРМА апликатори нуди решенија за секој вид на апликација, без оглед дали се работи за едноставно или сложено решение. Тоа е овозможено со модуларниот дизајн, при што се избира најоптималната комбинација на влечна единица, одмотувач, апликатор и останати елементи.
Одлика на новата генерација на ХЕРМА глави за етикетирање е совршениот спој помеѓу сигурност и економичност, овозможено благодарение на стекнатото искуство во текот на годините во производство на глави за етикетирење. Со овие решенија, проблемите со прецизност и етикетирање при големи брзини се дел од минатото. Дизајнот на контролната единица е едноставен и интуитивен, притоа се овозможува лесна интеграција со производствената линија, и со системите за етикетирање.
Ова се дел од вообичаените апликации за употреба на ХЕРМА главите за етикетирање:
- Двострано, WRAP AROUNDили вратно етикетирање во индустријата со пијалоци, фармација или други гранки со опција за испис на датум;
- Етикетирање од било која страна (горе, долу, странично), со опција за испис на датум;
- Етикетирање во фармација, со опција за испис на датум;
- TAMPER EVIDENCE етикетирање во согласност со EU Pharma FMD правилата;
- Етикетирање на неправилни геометриски форми, со опција за испис на датум;
- Специјални етикетирања
HERMA Basic – економична глава за етикетирање за стандардна употреба
Herma Basic ги дефинира техничките стандарди во својата класа. Изведбата, како и позиционирањето се причина за водечката улога на Херма на пазарот. Се одликува со сигурност, цврстина и прецизност при употреба во стандардни апликации. Овозможува работа при брзини до 25 м/сек која може да се подесува. Благодарение на Интегрираниот контролер нема потреба од додатен ормар за контрола. Големината на етикетите може да биде од 12 х 12 мм, па се до 160 х 400 мм.
HERMA 500 – големи интеграциски можности и брзини со изразен квалитет на највисоко ниво
Најновата глава за етикетирање произведена од страна на ХЕРМА е моментално единствено решение во светот во однос на интеграциски можности, флексибилност и употребливост. Со сето ова се воспоставени нови стандарди во областа на етикетирањето. Можноста за далечински пристап, брзина од 200 м/мин, и сето ова извршено со максимална сигурност, флексибилност и квалитет.