ЕЛМЕД Д.О.О – ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
Со оваа интернет страница www.elmedint.com управува Елмед д.о.о.,ЈНА166,21235 Темерин
За сите појави на термините „наш“, „нас“ , „ние“ или „компанија“ во рамките на оваа политика или во рамките на opt-in известување се смета дека упатува на Елмед д.о.о.
Елмед д.о.о. е задолжен за чување на приватноста на сите посетители на веб страната www.elmedint.com и ги заштитува сите лични информации кои што ни ги праќате.
Ова известување за приватност и колачиња е со цел да ви помогнеме да разберете што можеме да направиме со личните информации кои ги добиваме од Вас. Пренесувајќи ги вашите лични информации до нас, Вие потврдувате дека го прифаќате нашето известување за приватност и колачиња и согласни сте дека можеме да ги собираме, користиме и откриваме вашите лични информации на начин опишан во ова Известување за приватност и колачиња . Ако не се согласувате со оваа Известување, Ве молиме да не ги споделувате Вашите лични информации.
I. Што се лични информации?
Лични информации се информации од поединци кои може да се идентификуваат, согласно постоечкиот закон, како што се име и презиме, е-маил адреса и број на телефон
1. Информации кои ги добиваме од Вас
Вие може да ја посетите оваа интернет страна а воедно да не ни кажете кој сте, ниту пак да ни откриете било каква информација за себе. Нашиот веб сервер ги собира имињата на домените а не е-маил адресите на посетителите. Покрај тоа, постојат и делови на оваа интернет страница каде што нас би ни биле потребни Ваши лични податоци за некоја конкретна цел, како на пример да Ви обезбедиме некоја информација која Вам Ви е потребна и во тој случај треба да се регистрирате на нашата интернет страница.
Тоа го правиме по пат на онлајн образец и секој пат ни ги испраќате вашите податоци по електронска пошта.
Информациите кои ги собираме од вас може да го содржат Вашето име и презиме, адреса, број на телефон, број на факс или е-маил адреса. Не сте обврзани да ни испраќате дополнителни информации кои ги бараме од Вас, а не се неопходни за да би можеле да Ви ја дадеме услугата која сте ја побарале. Би можеле да ги добиеме Вашите информации преку електронска пошта или допис кој ќе ни го испратите, кој може да содржи лични податоци кои не би сакале или не е планирано да се доверат како на пример работното место во работната организација доколку нѐ контактирате преку службената е-маил адреса.
2. Употреба на добиените информации
Информациите кои ги добиваме од називот на доменот, не се користат за Ваша лична идентификација туку ги собираме за да направиме збир на вкупен број на посетители, потрошено време на интернет страната итн. Тие информации ни служат за да видиме како се користи нашата интернет страна и истовремено да може да ја подобриме нејзината содржина.
Кога ги собираме останатите лични информации од Вас со Ваша согласност, како што се име и презиме и е-маил адреса (на пример со употреба на онлајн образец или преку е-пошта), во принцип Ве известуваме за целта за користење на Вашите лични податоци за време на барање на информациите. Личните информации кои ни ги испраќате можеме да ги користиме за следниве цели:
- Одговор на Вашите прашања или обработка на Вашите барања поврзани со Вашите информации
- Обезбедување и персонализирање на нашите услуги
- Доколку не сакате да бидете контактирани во иднина, Ве молиме известете не
3. Корисници до и на 16 годишна возраст
Ако имате 16 години или помалку од 16 години, испратете ни дозвола од родител или старател пред да ни испратите било какви информации. Корисниците кои ја немаат споменатата согласност не е дозволено да ни испраќаат информации.
II. ОТКРИВАЊЕ НА ИНФОРМАЦИИ
Информациите кои ни ги испраќате се чуваат на серверот во Србија и може да им се пристапи или да се проследат на нашите лица кои работат надвор од Србија и трети лица, на деловни партнери, државни органи и органи за спроведување на законот, правни следбеници на нашата компанија и добавувачите кои ги ангажираме за обработка на информации во наше име, од кои некои може се наоѓаат и надвор од европскиот економски простор, кои работат за нас за цели поставени во оваа политика или други цели кои Вие ги одобрувате.
За да би можеле да Ви ги обезбедиме нашите производи и услуги, можеби ќе мораме да ги споделиме Вашите лични информации со другите компании во рамките на Елмед д.о.о. или со давателите на услуги (трети лица) кои ги обработуваат податоците во наше име. Ако ни ги испратите информациите, тоа значи дека сте согласни за откривање на истите.
Елмед д.о.о. работи со земијите во околината и можеби ќе се појави потреба да ги пренесеме информациите во друга држава. Сѐ додека се под наша контрола, Вашите лични податоци настојуваме да имаат исто ниво на заштита, да сет безбедни и да се користат само во согласност на нашите упатства и во договорената цел.
Сите горенаведени лица обработуваат информации, исполнуваат и испорачуваат нарачки и обезбедуваат услуги за поддршка во наше име. Ние може да ги пренесеме собраните информации за користењето на нашата веб-страница на трети лица, но тие нема да содржат информации што може да се употребат за Ваша идентификација.
Ние го задржуваме правото да ги откриеме Вашите лични информации кога тоа е побарувано со закон или кога веруваме дека обелоденувањето на тие информации е неопходно за да ги заштитиме нашите права и / или да се придржуваме до судски процес, судска наредба, барање од надлежна институција или кој било задолжителен правен процес.
Освен ако не се побарува со закон, ние нема да споделуваме, продаваме или дистрибуираме било какви информации што ги добиваме без Ваша согласност.
Ако нашата компанија влезе во заедничка инвестиција, е продадена или споена со друг правен субјект, Вашите информации може да бидат откриени на нови деловни партнери или сопственици.
III. Колачиња
Оваа интернет страница користи колачиња за да Ве разликуваме од останатите корисници на нашата интернет страница. Тие ни помагаат да Ви овозможиме соодветно пребарување на нашата интернет страна, а истовремено овозможуваат и да ја подобриме нашата интернет страна.
Со серверите кои се наоѓаат во рамките на Елмед д.о.о. управуваат трети лица (кои може да се наоѓаат надвор од Европскиот економски простор (ЕЕА)) и автоматски евидентираат податоци од Вашата посета на оваа интернет страница на основа на вашата ИП адреса.
Колачето е мала датотека на букви и бројки кои ги меморираме на Вашиот пребарувач и хард дискот на Вашиот компјутер. Колачињата содржат информации кои се пренесуваат на Вашиот хард диск.
1. Ефикасност на колачињата
Овие колачиња собираат информации како би можеле во иднина да ја подобриме нашата интернет страница.
__utma го следи бројот на посети на секој корисник и времето на секоја Ваша посета
__utmb се користи за следење на времето поминато на интернет страната – кога посетата започнува и кога отприлика завршува.
__utmz ја прати локацијата од каде посетителот ја прегледува интернет страната
2. Како да ги деактивирам/активирам колачињата?
Имате можност да ги прифатите или одбиете колачињата со измена за прилагодувањата на вашиот пребарувач. Ако ги деактивирате колачињата можеби нема да можете да ги користите сите интерактивни содржини на нашата интернет страница.
Постојат повеќе начини за користење на колачињата. Погледнете ги упатствата на својот пребарувач или копчето за помош за да може да дознаете повеќе за овие функции. На пример кога би користеле Internet Explorer, можете да отидете во tools/internet options/Security и Privacy за да може да го прилагодите Вашиот пребарувач според Вашите потреби. Ако користите различни компјутери на различни локации¸ќе биде потребно на секој компјутер поединечно да се прилагодат поставките според Вашите потреби.
Некои модерни пребарувачи имаат можност да ја анализираат политиката на приватност на интернет страницата и да му овозможат на корисникот да управува с приватноста зависно од потребите. Тоа е познато како ‘P3P’ својство (eng.Privacy Preferences Platform).
Лесно можете да избришете било кое од колачињата кои се наоѓаат во Вашиот пребарувачот. На пример, ако користите Microsoft Windows Explorer:
- Отворете ‘Windows Explorer’
- Притиснете на ‘Search’ на менито со алатки
- Напишете “cookie” во полето за пребарување на ‘Folders and Files’
- Одберете ‘My Computer’ во полето ‘Look In’
- Притиснете ‘Search Now’ и два пати клик на пронајдените директориуми
- Одберете било која датотека со колачиња
- Притиснете на копчето ‘Delete’ на тастатурата
Ако не користите Microsoft Windows Explorer, би требало да одберете ‘cookies’ во функцијата ‘Help’ за информација каде би можеле да го пронајдете директориумот со колачиња.
I. БЕЗБЕДНОСТ ПРИ СОБИРАЊЕ НА ИНФОРМАЦИИ И ЗАДРЖУВАЊЕ НА ИСТИТЕ
II. Превземаме строги физички, електронски и административни сигурносни мерки за да ги заштитиме Вашите информации од пристап на неовластени лица како и од незаконски обработки, случајни губења, уништувања или оштетувања како во онлајн така и во офлајн режим. Ги задржуваме Вашите информации во тек на разумен временски период или колку што е законски пропишано.
III. ДРУГИ ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦИ
IV. Со оглед на тоа дека интернетот претставува глобално опкружување, користењето на интернет страници за собирање на лични информации и обработка на истите истовремено вклучува и пренос на информациите ширум светот. Со прегледување на оваа интернет страница и електронска комуникација со нас потврдувате дека сте согласни ние да ги обработиме личните информации на ист начин.
V. Елмед д.о.о. спроведува разумни мерки за заштита од вируси и други компоненти, природата на интернетот е таква што не би можел да Ви гарантираме пристап на страницата без прекин или грешка, или дека оваа интернет страница, нејзините сервери или електронска пошта која ја испраќаме не содржи вируси или други опасни компоненти.
VI. ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИТЕ И НИВНО АЖУРИРАЊЕ
Имате право да ги погледнете вашите лични податоци кои ги имаме и можете од нас да побарате да направиме измени за да ја потврдиме нивната точност и ажурност.
Доколку сакате да направите ваква промена, Ве молиме контактирајте не преку информациите за контакт од страницата за контакт (https://www.elmedint.com/kontakt/). Според закон, имаме право да наплатиме мала административна такса за да ги покриеме трошоците што ги правиме за доставување на информациите што ги имаме за Вас.
VII. КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ
Доколку имате било какви коментари, прашања или побарувања кои се однесуваат на употреба на Вашите лични информации или во врска со било кое прашање врзано за ова известување за приватност и колачиња контактирајте не преку контакт формата од страницата (https://www.elmedint.com/kontakt/) или преку е-маил [privacy@elmedint.com]. Вашите прашања се добродојдени како и било какви сугестии кои ги имате околу информациите за приватност и колачиња.
Последни ажурирања: Оваа политика за приватност последен пат е ажурирана во [април 2020]
Измени на политиката
Привремено проверувајте го известувањето за приватност и колачиња за да бидете известени во случај на било какви измени. Иако ги задржуваме правата на измени или дополни на оваа политика, ќе Ви обезбедиме известување на оваа интернет страница во рок од 30 дена после измената и, ако е соодветно, преку испраќање на електронска пошта.