Новини во обележување на јајца за консумирање
DOMINO системите за кодирање и маркирање можат во потполност да се интегрираат со MOBA и SANOVO сортирките кој што се користат во производствените линии. Комбинирањето на CIJ печатарите со новите EU и FDA директиви за директно печатење врз прехранбени производи, печатарите на DOMINO А-серија и i-Tech серија обезбедуваат висок контраст на исписот врз кафеави и бели јајца. Овој вид на обележување на јајца претставува се почест услов за извоз во поголем број од земјите, при што со кодовите кој се нанесени на јајцата се обезбедува информација за сигурноста на производот и неговото потекло. Покрај тоа, се постигнува препознатливост на брендот што на крајниот корисник му гарантира оригиналност на производот. Нашите CIJ печатари овозможуваат директна комуникација со MOBA сортирка, притоа без потреба за додатни интерфејси. Интеграцијата со најновите SANOVO сортирки е овозможена благодарение на DOMINO QuickStep. Мастилата користени во печатарите се во склад со најновите EUи FDA регулативи 4RD006s и 4BL004s кој се однесуваат на мастилата кој доаѓаат во директен контакт со производите и се компатибилни со DOMINO A420 и A520 печатарите кој нудат зголемен контраст во однос на поранешните модели. A520има куќиште од нерѓосувачки челик со IP66 заштита и како таков претставува идеален за користење во тешки работни услови.