Домино го престави новото мастило за обележување на шишиња
DOMINO уште еднаш ја потврди својата лидерска позиција во областа на индустриско обележување на производи со воведување на жолто мастило за обележување на шишиња. Новото мастило со жолта боја (2YL955i) е компатибилно со Domino A-series и со i-Tech серијата на инк-џет печатари, и е наменето за апликација на темни и мокри површини.
Благодарение на обилното истражување и развој, произведено е жолто мастило кое дава висок контраст при нанесување на темни површини. Посебно треба да се истакне способноста за кодирање на производи со овој тип на мастило врз производи кој се подложни на кондензација при процесот на производство. Благодарение на брзото сушење, ова мастило наоѓа идеална примена во производството на пиво, безалкохолни пијалаци и слични производи. Меѓутоа областа за примена на овој тип на мастило не е лимитирана т.е. истото мастило наоѓа примена при кодирање на гуми и производи од пластика како што се ПЕТ амбалажи кој се повеќе се користат производството на пијалаци.
Мастилото 2YL955 може да се користи со Domino i-Tech и A series (A320i, A420i, A520i) вклучувајќи XS и DUO.