Домино го престави првиот i-Tech Print & Apply систем
DOMINO додатно ја прошири својата палета на производи со претставување на новиот M230i систем за печатење и автоматско аплицирање на етикети. Ова е прв модел на М-серија со вградена интелигентна технологија (i-Tech) и QuckStep кориснички интерфејс.
М-серијата нуди потполно модуларно решение прилагодено за збирно и палетно обележување. Високата резолуција овозможува печатење на бар-код, текст и графика врз амбалажата со потполна усогласеност со GS1 стандардот. Новата M230i нуди поедноставено користење на софтверот, и со самото тоа е поедноставнува процесот на креирање на етикети до апликација на истите што резултира со намалена потреба од тренинг и обука на операторот, притоа намалувајќи ја можноста за грешки. Некој од старите опции се задржани при подесување на аплицирање на етикетите (blow, tamp, tamp and blow, wipe) со зголемена брзина на печатење со што се намалува циклусот, и поради тоа дозволува овој уред да се користи на производни линии кој што работат голема брзина. SureStart системот обезбедува совршен квалитет на печатење од првата до последната етикета. M230i се нуди во лева и десна изведба. Зголемениот работен век на главата резултира со намалени трошоци и намален застој при користење.