5 начини на кој апликаторот на растворлив лепак може да ги заштеди Вашите пари
Апликаторот за растворлив лепак претставува составен дел од производните линии и со самото тоа нивниот работен век и трошоци за користење мора да се држат под контрола. Како резултат на тоа треба да се има во предвид економската исплатливост, а притоа да се задржи потребното ниво на квалитет на аплицирање на растворливиот лепак и тоа е карактеризира на следниот начин:
- Eден од најзначајните аспекти при примена на растворливиот лепак е способноста, односно флексибилноста која е неопходна за исполнување и на најспецифичните потреби што се постигнува со користењето на широк спектар на опрема која може да се конфигурира во единствен систем;
- Точноста и прецизноста се клучни параметри кој се однесуваат на самиот квалитет на апликација бидејќи потрошувачката на растворлив лепак директно влијае врз цената на производот;
- Прецизна контрола врз дебелината на нанесениот лепак за производителот претставува гаранција за сигурноста на производот и дека на крајниот корисник (потрошувач) му се овозможува ергономично отворање на производот на саканото место;
- Со едноставна калкулација може да се прикаже економската исплатливост на овој метод на лепење во споредба со претходно традиционален начин на затворање на комерцијални или транспортни пакувања со леплива трака;
- Користењето на најквалитетни материјали како што е модулот VALCO Ecostitch кој што има работен век од преку 300.000.000 циклуси се обезбедува долг работен век.