Презентација на SISMA ласерски системи
ЕЛМЕД, заедно во соработка со компанијата SISMA S.p.A од Италија на 13 и 14.10.2015 во Нови Сад организираа презентација на ласерски системи за заварување, маркирање, 3-D гравирање и сечење. Исто така беше претставен ласерски систем за репарација на калапи. Како и во претходните презентации така и оваа презентација беше проследена со голема заинтересираност и посетеност.
Презентацијата беше подржана од гостите од компанијата SISMA со кој ЕЛМЕД има долгогодишна соработка и искуство.