ЕЛМЕД ви нуди решение за проблемите при обележување на Вашите производи

ЕЛМЕД ви нуди решение за проблемите при обележување на Вашите производи

Изминаа деновите во кој сте морале самите да се соочите со проблемот со кодирање и маркирање на производите. Нашиот тим кој брои повеќе од 40 обучени стручни лица, е заснован на професионализам и ентузијазам со познавање и пристап до најновата светска технологија во индустриското обележување. Спремни сме во секој момент спремни сме да превземаме одговорност, да го поделиме своето знаење и искуство со Вас и притоа да ви предложиме квалитетно решение со што би ви овозможиле во најкраток временски интервал враќање вашите инвестирани средства.

Автоматското обележување претставува сигурен и флексибилен начин за зголемување на ефикасноста и сигурноста на производот. Софтверското поврзување на уредите за индустриско обележување овозможува управување со помош на надворешни команди кој можат да бидат испратени кон уредите за индустриско обележување (назив на производ, шифра, лот,бар код, датум и сл.). Сите овие опции можи да се пратат директно од вашиот компјутер или централизиран систем.

ЕЛМЕД е ексклузивен застапник на водечките светски брендови во областа на индустриско кодирање и маркирање. Во текот на изминатите 20 години обезбедивме лидерска позиција во областа на индустриско обележување, етикетирање, инспекција и пратење на производите. Своето долгогодишно искуство и стекнати познавања сме во можност да ви обезбедиме широк спектар на решенија во согласност со Вашите потреби.