Трендови во обележувањето на производите и амбалажата

Трендови во обележувањето на производите и амбалажата

Претходната 2020 година беше предизвик за сите бизниси на глобално ниво. Донесе многу промени, дури и на оние кои секогаш се спремни брзо да се прилагодат на новонастанатите ситуации. Ковид ерата остави потреба за прилагодување и агилност, го забрза процесот на дигитализацијата и автоматизацијата и ги измени навиките на потрошувачите.

Промени на пазарот при пакување на производот

На пазарот, обележувањето на производите и амбалажата бележи пораст во последните година и пол. Причината е едноставна, обележувањето на производите е есенцијално во прехранбената, козметичката, фармацевтската, индустријата за пијалаци итн. А токму тие производи доживеаја експанзија заедно со директно поврзаните активности. Едно од нив е и обележувањето на амбалажата. Спрема извештајот од The Future of Global Printing, побарувачката за амбалажа ќе надмине еден трилион долари до 2025 година, додека пазарот за обележување на амбалажата ќе вреди 45 милијарди долари. Во голем дел овој раст се должи на online трговијата што има директно влијание врз тоа како секој производ се пакува, обележува и продава.

Во истиот извештај се посочува дека зголемувањето на трошоците за обележувањето и развојот на флексибилните пакувања, ќе го забрзаат и развојот на пазарот за обележување во индустријата за пакување со единствена годишна стапка на раст од 7%.

Имајќи предвид дека online продажбата е растечка пазарна нишка, системите за печатење етикети и обележување на производи кои ги олеснуваат логистичките операции низ синџирот, се токму оние кои ќе ја зголемат оперативната ефикасност и ќе направат разлика.

Претпријатијата во ова време, тежнеат (треба да тежнеат) кон подобрување на својата ефикасност и прецизност. Начинот на кој тоа можат да го направат е автоматизација на процесите и правилно означување, кое е вклучено во системите за следливост за да се оптимизираат сите фази на синџирот – од производство до испорака на крајниот потрошувач. Се разбира, многу е важно обележувањето да биде висококвалитетно и долготрајно за да се осигура дека информациите потребни за следење на секој производ, не се изгубени.

Одржлив развој и економска ефикасност 

Во поглед на амбалажата, застапеноста на алуминиумските лименки е се` поголема и се` повеќе брендови (посебно во индустријата за пијалaци) се осврнуваат кон нив.

Глобалното тргување со алуминиумските лименки, достигна вредност од 45,51 милијарди американски долари во 2020 година. Предвидувањата за период од 2020-2026г се дека ова тргување ќе продолжи со стабилен и умерен раст.

Постојат неколку причини – алуминиумот се покажа како исклучително издржлив материјал, бидејќи може целосно да се рециклира до безброј пати. Од друга страна, лименките како амбалажа ги штитат производите од надворешни влијанија, со што се зачувува нивниот квалитет.

Трендови во обележување на амбалажата 

Континуираниот инк-џет (CIJ) е технологија која најчесто се бира за кодирање на алуминиумските и челичните лименки – брза е, флексибилна и ефикасна, а и понатаму е омилено решение кај многу корисници.

Domino Ax CIJ серија обезбедува високоkвалитетно печатење на кодови со висока резолуција и на многу брзи производни линии.

Во поново време ласерското обележување се појави како алтернатива за CIJ и е решение за кодирање обоени алуминиумски лименки, што е енергетски ефикасно и ја елиминира употребата на растворувачи, мастила и други потрошни материјали. Domino F730i fiber laser е дизајниран да испорача јасни, читливи и издржливи кодови на алуминиумска лименка и со својот рејтинг на ip65 заштита е особено погоден за тешки производни средини како и барање за кодирање со голема брзина, кои се вообичаени во индустријата за пијалоци.

Domino F720i laser

Ако размислувате за најдобриот начин да обезбедите читлив и јасен код на вашите производи и пакувања, контактирајте со нас. ЕЛМЕД како ексклузивен дистрибутер на ДОМИНО опремата на просторот на Србија, Македонија и регионот, нуди уникатни решенија во индустријата за кодирање и означување на производи и пакувања. Исто така нашиот сервисен центар ви стои на располагање 24/7 за да можеме што побрзо да одговориме на сите ваши барања.

 

 

Погледнете го производот