Како да се зголеми ефикасноста во процесот на обележување на палети

Како да се зголеми ефикасноста во процесот на обележување на палети

Палетите потребно е да бидат правилно обележани со јасно читливи кодови на кои што се прикажани потребните детали за производите, нивната количина, сериски броеви, како и други информации вклучително и податоци за дистрибутерот. Податоците испишани на етикетите се од значителна важност во процесот на следливост на производите на места како што се магацински простории или дистрибутивни центри, со крајна цел процесот на отчитување на кодовите да се извршува брзо и без грешка. Палетите кои се правилно обележани лесно се скенираат и со тоа се подобрува ефикасноста во логистиката, контролата на залихи, што за возврат обезбедува заштеда на време и намалени финансиски трошоци.

Најчести проблеми на кои се наидува во процесот на обележување на палети

За најефикасно обележување на палетите, употребените етикети потребно е да бидат перфектно отпечатени, брзо и правилно поставени на секоја палета посебно. За постигнување на овој тип на ефикасност автоматизација на процесот на етикетирање е од клучно значење.

Меѓутоа, без оглед на можностите за автоматизација, овој процес се уште е релативно непознат за многу компании, во кои и понатаму се извршува рачно обележување на производите што придонесува за зголемена неефикасност во работата. На пример, вработениот во магацинот потребно е да ја истовари палетата, да отиде до компјутер на кој што ќе ја испечати етикетата, да се врати до палетата и рачно ја залепи испечатената етикета, за потоа повторно со вилушкар да ја врати палетата до магацин или до камионот за испорака.

Со овај начин на работа непотребно се губи драгоцено време, со што се влијае и на крајната заработувачка. Во контекст на овој начин на работа потребно е да се спомене и можноста за грешки при рачно обележување со кои финалниот производ не е во согласност со GS1 стандардите, и како таков може да доведе до појава на  дополнителни несакани последици.

Доколку палетата не е обележана на потребното место и не ги исполнува потребните стандарди, скенерот за отчитување на бар кодови не е во можност да изврши отчитување на истата. Вашиот производ во тој случај може да биде одбиен, што доведува до дополнителни трошоци и потенцијални казни.

Клучни предизвици во процесот на обележување на палети

Во секој процес на производство од кој произлегуваат поголеми количини на палети има потреба од систем за обележување кој со сигурност ќе извршува печатење и аплицирање на етикетите, со што значително ќе се намалат трошоците за производство и производите во понатамошниот ланец на дистрибуција и продажба нема да наидат на проблеми.

Меѓутоа, и покрај GS1 стандардите најголем предизвик на секој производител е да обезбеди етикетирање на производите што ќе ги задоволи потребите на купувачите и обезбеди услови за непречено интегрирање на производите во нивните системи. Од исклучителна важност е и да се знаат потребите на клиентите и како на најефикасен начин да се исполнат тие потреби преку системот за етикетирање.

Според тоа, потребно е да се има повеќе од едно решение при аплицирањето на етикети врз палетите. Со GS1 стандардите опфатени се потребите на поголемиот дел на купувачи, но може да има и такви кои имаат потреба од две, три или повеќе етикети аплицирани врз една палета.

Со цел да се исполнат поголемиот дел од потребите на купувачите, производителот потребно е да е во можност да ја постави етикетата на точно определено место, без притоа да дојде до нејзино оштетување. Со автоматизираниот процес за етикетирање на палети ќе имате совршено поставени етикети без исклучок.

На што треба да размислите при обележување на палетите

Јасното и униформирано обележување во одредени услови како што се некои надворешни фактори може да претставува предизвик и истите треба да се земат во предвид при креирање на процесот за етикетирање.

Околината низ која што вашето терцијарно пакување треба да помине може да влијае во процесот на обележување. Пример, доколку процесот на етикетирање се извршува во средина во која има присуство на влага ќе е различен од процесот на обележување  во сува средина. Системите за етикетирање на пијалоци потребно е да бидат изработани од не`рѓосувачки челик со цел истите да бидат заштитени од зголеменото присуство на влага. (види слика)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

А од друга страна, доколку процесот се извршува во сува средина опремата може да биде изработана од алуминиум.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Со цел да ја обезбедите потребната работна температура, исто така ќе ви бидат потребни комплети за контрола на температура т.е. греачи.

Со оглед на тоа дека етикетите на себе можат да содржат многу информации, потребно е однапрад да се знаат софтверските можности, како вашите така и на клиентите. Контролите во системот за обележување на палети потребно е да бидат во состојба да примат и испратат релевантни сигнали. За оваа потреба ЕЛМЕД креираше софтверски модул LoupeCode кој се користи во процесот за автоматско обележување на палети во согласност со GS1 стандардите. Софтверскиот модул работи по принцип на прибирање на податоци во врска со логистичките етикети, како и испраќање на информации кон печатарот кој што е интегриран во системот за пакување. Исто така има можност за архивирање на сите податоци пратени према печатарот, како и можност за генерирање на извештаи за збирни палети и етикети во состав на збирно пакување.

Транспортните системи кои се користат во различни фази на пакување можат да се разликуваат по висина и брзина како и по бројот по застанувања во текот на процесот на обележување. Порати тоа, системот за етикетирање потребно е да биде флексибилен и лесно прилагодлив.

За решавање на овие критични точки и одбегнување на скапи грешки, Вам ви е потребен сестран обележувач на палети кој лесно можете да го прилагодите кон GS1  стандардот и стандардите на вашите клиенти.

Решение – Domino M-serija

Domino M-serija системот за етикетирање, кој е во целост Domino технологија, нуди печатење и аплицирање на јасни и читливи кодови применливи врз секундарни и терцијарни пакувања.

М-серијата е дизајнирана да понуди можност за поставување на една или повеќе етикети на палета, со едно или две застанувања, притоа со употреба на етикети со различна димензија. Прилагодлива според вашите потреби и лесна за интеграција со вашата призводствена линија. Благодарение на робусниот изглед на печатарот кој што користи рибон од 600 метри и ролна со етикети синхронизирани во работата и можност за истовремено заменување, потпомогнати со интуитивното корисничко мени прикажано на екран осетлив на допир, за дел од секунда поминувате низ постапката за обележување на палетите. Додека рачното етикетирање е споро и непредвидливо.

Стоиме на располагање за повеќе информации во врска со Domino M-Serija и за начините кој Вас ќе ви помогнат да го забрзате процесот на етикетирање.

Погледнете го производот