Политика на квалитет

ISO 9001:2015 & ISO 14001:2015

Основната дејност на ЕЛМЕД е производство, продажба и сервис на системи за кодирање, етикетирање, инспекција и следливост на производи. Својата работа ја дополнува со производство на самолепливи етикети, транспортни системи, држачи, носачи и изведба на специјални инженерски проекти.
Следејќи ги барањата на пазарот во своето работење вклучува и изработка на хардверски и софтверски решенија во областа на индустриското производство и магацинско работење.
Квалитетот е клучната причина за достигнување и одржување на довербата на високо ниво на клиентите и брендовите кои ги застапуваме во нашата компанија и претставува платформа за постигнување одржлив раст и развој. Таа доверба се темели на квалитетот и угледот, како и високите стандарди кои се создавани со годините на искуство.
Квалитетното работење, уште од создавањето во 1990 година претставува основно определување на компанијата ЕЛМЕД, кој својот јасен лик го доби со воведувањето на Системите за управување со квалитет (QMS) за потребите на стандардите.
Политиката за квалитет и заштита на животната средина во ЕЛМЕД е наменета за воспоставување на правилата за работа во согласност со: барањата на ISO 9001 и ISO 14001, законски пропишаните обврски и посебните барања на нашите деловни партнери. Со усвоената политика за ИСМ овозможуваме постигнување на следниве цели:


• Постојано подигнување на нивото на задоволство на нашите клиенти за нашите производи и услуги (преку следење на нивните барања, проширување на асортиманот на производи и услуги, обезбедување на задоволително и повторливо ниво на квалитет);

• Воспоставување на професионални односи со добавивачите, подизведувачите и сите заинтересирани страни;

• Постојано идентификување на аспектите на животната средина, како би овозможиле минимизирање на штетните влијанија на животната средина;

• Обезбедување на стручен и мотивиран кадар преку: професионална селекција, континуирана едукација , ефикасна организација, поттикнување на инвентивноста, постојан развој на тимската работа , взаемна доверба и почитување;

• Постојан раст и развој на компанијата преку зголемување на ефикасноста и ефективноста на активностите.

Раководството и сите вработени во компанијата ЕЛМЕД ДОО низ секојдневно извршуваање на своите активности, раководејќи се на принципот на континуирано унапредување на својата работа и системите за менаџмент на квалитетот во согласност со потребите на интегрираниот систем за менаџмент, притоа исполнувајќи ги целите на компанијата на ефикасен и ефективен начин, воспоставува согласност со интересите на компанијата и интересите на купувачите.
Остварување на целите дефинирани во Политиката на ИСМ е постојана задача на сите вработениво компанијата.
Поради тоа, раководството на ЕЛМЕД постојано ќе ја преиспитува Политиката на ИСМ, како и сите елементи на системите за менаџмент и ќе ги прелагодува на условите на пазарот и целите на компанијата.